Однос помеѓу клиентот и вработениот: Ipsos Loyalty
OUR SOLUTIONS

Ангажирање на вработените

Ангажирање на работна сила е клучен двигател на секоја успешна трансформација . Тимовите на Ипсос дизајнираат програми кои го оценуваат, одредуваат и развиваат нивото на ангажирање на Вашите вработени. По што се разликуваме? Ние одиме подалеку од резултатите, и нудиме смислени заклучоци и применливи решенија кои поттикнуваат одржливи перформанси.

Клиенти

  • Колкаво е нивото на ангажирање на Вашите тимови?
  • Дали ја подржуваат, и дали се спремни да преминат подалеку од  она кое се очекува од нив, за да постигнат успех?
  • Кои се силните, а кои слабите страни?
  • Како може да ги охрабрите Вашите менаџери да превземат акција?
  • Какво е влијанието на фактот дека живееме во дигитално време?
  • Како ги дефинирате "Employer Value Proposition" (пристап каде вработениот е во центарот на вниманието) кој ги ангажира талентите, но и привлекува нови?

Решенија

Дефиниција за стратегијата за ангажирање (вработување)

  • Работите со Вашата организација на глобално и локално ниво, за да ги дефинирате стратегиите за  ангажирање  кои навистина имаат ефект.

Анкета за ангажирање на вработените ("Employee Engagement Survey")

  • Проценете го нивото на ангажираност во целата Ваша организација;
  • Дефинирајте ги правите компоненти и индикатори за Вашиот систем на избалансирани показатели;
  • Користете ја анкетата за ангажирање, за истата да се претвори во алтка која им овозможува на Вашите менаџери да ги движат промените и ангажираат тимовите.

"Employer Value Proposition definition & Monitoring"

  • Развијте конзистентен  "Employer Value Proposition";
  • Привлечете големи потенцијали за да го подржите својот развој;
  • Истражете  ја Вашата кампања за вработувања;
  • Следете ја својата репутација Оnline и Оffline,
  • Оценете ја Вашата eлектронска страница за вработување.

Студии од искуства

Глобална водечка студија за случаи во областа на енергетиката (анкета за ангажирање на вработените) →соочени со големите промени , компанијата го постави ангажманот во сржта на својата стратегија за човечки ресурси од 2012 год. Ипсос ја спроведува својата анкета за ангажирање на вработените врз повеќе од 140.000 вработени, во 10 земји. Првичната цел беше да се воспостави единствена програма ширум светот, со која би се мерелео ангажирањето на вработените, следење на појавата на групна култура како и следење на внатрешната „клима“. Процесот сега е длабоко вграден во организацијата, и истражувањата се сметаат за алатка за управување која помага во развојот на менаџерската пракса.

Студија од искуството од лидер на пазарот за земјоделски производи (EVP дефиниција и следење) → заради брзиот раст и амбициозните цели на вработените, лидерот на пазарот за земјоделски производи реши повторно да се врати на пристапот "EVP" (Employee Centered Approach). По фазата на целосно деск истражување, беше спроведено и квалитативно истражување во 8 земји со интернет публика (млади професионалци во комерцијални, оперативни и инженерски улоги). Ипсос во северна и јужна Америка, Европа и Азија спроведе вкупно 60 фокус групи за периодот од еден месец.