Иновации и бренд стратегија: Ipsos Marketing
OUR SOLUTIONS

Бренд стратегија

Човечкото однесување минува низ револуција потпомогната од технологијата и глобализацијата, а сето ова го отежнува правилниот пласман на брендовите. Ипсос Ви помага да градите силни и стабилни брендови во се посложениот денешен свет.

Клиенти

Како да ги идентификувам клучните двигатели за да изградам силен бренд?
Кои се клучните параметри потребни за да структуирам бренд портфолио?
Како би можел/а  да го оптимизирам моето бренд портфолио за да ја зголемам максимално продажбата?
Кои категории треба да ги покрива мојот бренд?
Кои потреби не се исполнети за иститте да ги искористам и изградам иновации?

Решенија

Експертите од Ипсос Ви помагаат да изградите силни брендови со јакнење на вредноста на Вашиот бренд,  дефинирајќи ја најдобрата позиција и управувајќи со Вашето портфолио. Исто така, спроведуваме мотивациони истражувања на системски начин, разоткривајќи ги емоционалните и функционални потреби на потрошувачите со помош на нашиот компас именуван како "Censydiam".

Во нашиот фокус е:

Вредноста и позицијата на брендот

Ги поврзуваме двигателите на вредностите на брендот со јасни деловни резултати, и затоа сме во можност да го моделираме потенцијалното сценарио за раст на брендовите.  Тоа Ви обезбедува јасен поглед на можностите, но и раст во иднина.

Управување со портфолио

Нашето решеније во голем степен зависи од стандардите потребни за акција.  Освен нашите истражувачки можности, ние во голема мера се потпираме на нашиот консултативен пристап и соработка со клиентите, низ  интервјуа со интересни групи и работилници.

Област која ја покрива брендот и иновациите

Како прв чекор, помагаме да се идентификуваат и квантификуваат клучните заклучоци и можности за брендот.  Потоа овие заклучоци ги користиме како одскочна даска за развој на нови идеи,  концепти и производи, чиј потенцијал е напредување на растот на Вашата компанија, а истиот може да биде тестиран и валидиран.  Потребна е силна врска помеѓу нашите различни единици кои ги комбинираат текстуалните информации, истражувањата за потрошувачи, рамки од идеи и тестирања.

Разбирање на мотивацијата на потрошувачите со помош на "Censydiam"

"Censydiam" е нашата психолошка рамка која ја користиме за истражување на мотивацијата на потрошувачите на систематски начин , откривајќи ги емоционалните и функционалните потреби на потрошувачите.  Овој пристап  може да биде користен за разбирање на начинот на кој Вашиот бренд  може да стане  релевантен, или за идентификација на асоциациите и бенефитите кои треба да ги користите во развојот и комуникацијата на концептот. Така потрошувачите ќе можат лесно да се поврзат со Вашиот бренд.

Можностите на"Censydiam":

  • "Brand Dip": концизна алатка применлива на различни типови уреди.  Го тестира впечатокот кој го остава Вашата марка, за да може брзо да донесете одлуки.
  • "Censydiam Social": алатка за разбирање на мотивацијата на потрошувачите низ Online разговори , за да бидете сигурни дека Вашиот бренд  испорачува соодветна содржина на социјалните медиуми,  со помош на соодветни канали за комуникација.
  • "Censydiam Needs Clip-On": лесно прилагодливо решеније за стекнување на прв впечаток за клучните потреби во Вашата категорија, по целни групи или посебни можности, без потреба од сегментација.

Студии од искуства

Воведување емоции во банкарството: банкарството во Тајланд стана многу конкурентно и секоја банка пробува да ја развие својата единствена позиција на пазарот. Брендот на нашиот клиент имаше добар ефект, но клиентот сметаше дека моменталната стратегија на брендот, фокусирана на функционални бенефити, достигна зрелост. Клиентот сакаше да дознае како да го зајакне брендот и да придобие повеќе клиенти. Го користевме нашиот "Censydiam" модел за да додадеме емоционален сет на двигатели на моменталните функционални бенефити. Овие двигатели беа поврзани со моменталниот деловен успех и Ипсос имаше можност да симулира потенцијален раст на уделот на пазарот.

Подобрување и активација на музички брендови: клиент кој се занимава со музички инструменти, со текот на времето изгради силно портфолио за своите брендови. Сепак, клиентот имаше проблем да го одреди приоритетот на брендовите и да ги активира на светско ниво. Користејќи го нашиот "Censydiam" модел, базиран на потребите на потрошувачите, имавме можност да ги идентификуваме тензиите и празнините во портфолиото на клиентот, како и најдобрата единствена платфотрма за секој бренд. Тоа беше база за понатамошно прилагодување на суштините на брендот, како и патоказ за активација, вклучувајќи ја комуникацијата и дистрибуцијата.

Проширување на нови категории: соочени со силна конкуренција, зрел пазар , нашиот клиент сакаше да истражи како да го прошири својот бренд во поголема категорија во безбедноста. Клиентот веќе идентификуаше одредени категории во кои сметаше дека е можен значаен раст. Сакаше и да одреди кои категории би имале приоритет кај идното ширење на брендот и можности за иновација. Што претставува нивниот бренд денес? , колку брендот е уверлив во новото опкружување?, и какви вредности би донел брендот?. Комбинирајќи ги квантитативните и квалитативните истражувања , како и податоци од продажбата, ги намаливме можностите. Исто така, ги дефиниравме клучните двигатели на брендот кои клиентот можеше да ги искористи за градење на своите вредности во новите категории.

Зголемување на пазарниот удел со помош на разбирање на потребите: нашиот клиент изгради цврста и силна репутација кај производите за спортска опрема. Имаа амбиција да го зголемат својот удел, за двојно. Од многуте студии (вклучувајќи длабински интервјуа, "Social Listening" и структуирани интервјуа), ги откривме клучните потреби во спортот и како марките во тој момент ги исполнуваат потребите. Утврдивме неколку стратешки опции за клинетот, и му помогнавме истите да ги развие во конкретни акции, со помош на активациони работилници. Резултатот беше импресивниот раст на уделот во наредните неколку години.