Социјални истражувања и корпоративна репутацијa: Ipsos Public Affairs
OUR SOLUTIONS

Global Reputation Centre

За лидерите кои сакаат да го унапредат процесот на носење одлуки кога е во прашање репутацијата, корпоративната комуникација и развојните корпоративни политики, "Global Reputation Center" е најголем извор на специјалистички истражувања и лидерство.

Клиенти

  • Мерење на влијанието на репутацијата на деловниот профит;
  • Идентификација на клучните двигатели кои имаат најголем ефект на репутацијата;
  • Помош за клиентите за да ги усогласат и интегрираат своите активности, насочени кон проблемите со репутација и мерење на резултатите.
  • Мерење и одговор на ефектот на брендот или корпоративната криза.

Решенија

Истражување на репутацијата

Евалуација на влијанието на репутција врз  деловната добивка

  • Усогласување на деловните цели со корпоративната социјална одговорност, и работа на проблемите предизвикани од репутацијата;
  • Фокусирање на проблемите кои се најважни за Вашата репутација, и мерење на резултатите од моменталната иницијатива;
  • Користење на нормативни податоци за обезбедување контест по сектори и региони/земји;
  • Евалуација на оптималната позиција на новите иницијативи и партнерства;
  • Утврдување на очекувањата од интересните групи, и евалуација на активностите кои ја зајакнуваат  довербатаи разбирањето дека организациите од доверба се отпорни во моменти на криза.

Истражувања за решавање на кризни ситуации

  • Утврдување на тежината на кризата;
  • Тестирање на комуникацијата со цел смирување, и повторно градење на репутацијата и довербата.

Студии од искуства

Светска автомобилска компанија ги мери елементите на доверба, како и проблемите кои индустријата треба да ги реши во 25 земји. Студијата е користена за утврдување на клучните индикатори ("KPI") за комуникациските тимови, глобално и регионално.

Светска компанија која се занимава со производство на храна и пијалоци, се фокусираше на одговорно корпоративно однесување, разбирање на ставовите на корисниците кон марките и рекламирање насочено кон производот, на 5 европски пазари, со влади, медиуми, невладин сектор, трговските организации, академици, деловни корисници и општа популација. Резултатите се користени за да се утврдат очекувањата од компанијата, која е најдобра во својата класа, и да се утврдат реперите за репутациона и конкурентска позиција на компанијата.

Годишна студија на светска интернет компанија која ги мери ставовите кон корпоративната марка во контекст на репутациони предизвици и можности. Истражувањето ги покрива клучните мерења на репутацијата, со помош на квалитативни прашања за позиционирање на брендот, предностите и недостатоците, проблеми те во активностите и во општеството. Резултатите се користат како почетна точка во процесот на стратешко планирање, како и за развој на деловните политики на компанијата, стратегии на клучните пораки и ангажман на клучните влијатели.

Национална компанија го тестира влијанието од повлекување на пазарот на нивната марка и производ. Резултатите се користени за насочување на комуникациската стратегија како одговор на проблемите, но и за следење на мислењето на интересни групи засегнати од зададениот проблем со текот на времето.