Собирање и испорака на податоци: Ipsos Observer
OUR SOLUTIONS

"I-Instant - Online Overnight" решенија

"I-Instant" е дел од "Overnight Approach Solutions". Ви овозможува брзо да реагирате на жешките прашања, активности на конкуренцијата и случувања на пазарот, и да донесете одлуки врз основа на ставови на корисниците, наместо врз основа на нагаѓања, не загрозувајќи ја брзината на пазарот која Ви е потребна.

Клиенти

"I-Instant" е совршен за:

  • Да истражи и разбере одредени проблеми, користење, однесување, чувство...;
  • Тестира хипотези и наоѓа алтернативни избори;
  • Обезбедува податоци кои ги опишуваат ставовите на потрошувачите;
  • Собира спонтани реакции  на производите, медиумите и др.;
  • Ја разбира реакцијата на одрден настан, криза...;
  • Ја надгледува активноста на конкуренцијата.

Примерок
Национално репрезентативен примерок од 500 анкети.

Методологија
До 15 прашања кои се лесни за користење на мобилни уреди, кои им се задаваат на панелистите на Ипсос (или од висококвалитетни панели на други провајдери каде Ипсос нема свои достапни панели).

Достапност
Во моментов е достапно во повеќе од 50 земји. Европа, Северна Америка, Латинска Америка, Азија и пацифик, Средниот Исток и Африка.

Испорака на резултатите
За неколку часа, или денови, во зависност од земјата и барањето.

Решенија

"I-Instant" резултатие се достапни побрзо одколку со традиционалните методи  за истражување, благодарејќи на ефикасниот процес и автоматизацијата на поставката на истражувања, терен  и испорака на податоци. Ваков пристап нуди брзи  резултати подразбира потполна ангажираност на испитаникот, прилагодена стратегија и "Overnight" пристап кој е можно да се користи на сите уреди, следејќи го заклучокот дека многу од луѓето секогаш се "Online".

Предности на "I-Instant":

  • Брза испорака на податоците заради "Overnight Fields" и пристапот прилагоден кон сите уреди;
  • Можност за спроведување на терен, било кој ден;
  • Теренот не се дели со друг клиент;
  • Избор на големина на примерок  (до 500 испитаници),  и дефиниција  (од 60% инциденца, во зависност од земјата);
  • Можност за тестирање на визуелни решенија доколку постојат, материјалите треба да се обезбедат еден ден порано;
  • Безбедна и сигурна испорака на резултатите.

Запознајте се со нашите Оvernight Services.

Студии од искуства

"I-Instant" алатка за брз скрининг
ДЕЛОВНА ПОТРЕБА: во настојувањето да го иновираат својот гел за туширање, светски произведувач на производи за широка употреба требаше да ги истражи карактеристиките и предностите, пред да направи "KANO" студија. Посебно таргетираа млади луѓе на 10 клучни пазари, вклучувајќи ги и пазарите во развој. Тоа требаше да се направи брзо и исплатливо.
НАШЕТО РЕШЕНИЕ: "I-Instant" истражувањето беше работено на 10 пазари во текот на 2 дена. Со оглед дека се работи "Online" и дека мобилните мрежи се користат за регрутација, но и дека е можно да се работи на различни уреди, "I-Instant" ни овозможи да дојдеме до доволен број припадници од бараната целна група, како на пример испитаници на возраст од 15 до 24 години, и ни отвори можности да ги истражиме земјите во развој во рамките на програмата.
ШТО ДОБИВА КЛИЕНТОТ: клиентот имаше можност ефикасно да ги истражи низата бенефити на пазарот до кои порано немаше пристап, и добие резултати за неколку дена наместо за неколку недели. Како резултат на добиеното, секторот за истражувања и развој го скрати циклусот на работа за иновации на 2 месеци, а за тоа време се креирало глобално усогласување на карактеристиките и бенефитите.

Користење на алатката "I-Instant" за ангажирање на жени во врска со осетливи теми
ДЕЛОВНА ПОТРЕБА: Истражување за интимната нега на жената може да биде предизвик, особено во земји каде истото може да се протолкува како табу тема заради културолошките стандарди. Затоа не контактираше еден клиент од секторот. Нашиот предизвик не беше само да ангажираме жени во Афричките земји, а тоа да го изведеме брзо и ефикасно. Целта на истражувањето беше да пронајдеме најдобар начин како би ги убедиме Афричките жени да ја прифатат оваа категорија на производи, имајќи ги во предвид нивните традиционални навики. Истражувањето требаше да ги утврди и разбере препораките и мотивите за купување и користење на овие производи.
НАШЕТО РЕШЕНИЕ: ова истражување го спроведовме во 2 фази: квантитативна фаза со "I-Instant" и квалитативна фаза со помош на "UU" платформата на Ипсос. "I-Instant" е целосно беше спроведен со помош на мобилни телефони, што пак овозможи очекувана брзина и ангажман на жените. Благодарејќи на веќе применетата стратегија за тестирање и користење на мобилни уреди, беше лесно да дојдеме нашата целна група, и ефикасно да ги собереме податоците. Но што е поважно, спроведувањето на истражувањето на мобилни телефони, на жените им помогна да се чувствуваат безбедно, што е клучно за осетливите теми. И нависитина, големината на уреди и одсуството на анкетари, овозможи жените да одговараат со потполна дискреција и доверба. Втората фаза беше квалитативно "Оnline" истражување со помош на нашите виртуелни простории и платформи. По 15 минути, нашите испитаници имаа "Online" интервјуа, еден на еден, со локалниот модератор. Така имавме можност да покажеме стимулативни материјали и одговорите да бидат автоматски внесени во платформата. На тој начин беше можно да се навлезе длабоко во проблемите наведени во првата фаза. И повторно степенот на доверливост силно допринесе за големината на собраните податоци.
ШТО ДОБИВА КЛИЕНТОТ: нашиот клиент беше мнгу задоволен од сите аспекти на студијата. Оствари значајна заштеда на време и пари затоа што студијата беше кратка и богата со содржина, а можеше да ја следи и работата на терен "Online", и така немаше потреба од патувања. Благодарејќи и на брзината на собирање на податоци "Online" и со мобилен телефон, истражувањето го завршивме за една седмица, додека "Offline" истражувањето требаше да трае 3 седмици. На крај, клиентите пронајдоа подобар начин да пристапат до корисниците на бараните пазари. Планираат да го употребат истиот пристап и на други пазари во развој.