Иновации и бренд стратегија: Ipsos Marketing
OUR SOLUTIONS

Иновации и прогнози

Ипсос им помага на клиентите да го забрзаат процесот на иновација во денешниот променлив свет. Нашата експертиза се потпира на нашиот иновативен пристап, вклучувајќи Оvernight истражувања прилагодени на различни уреди, невро-научни и комбинирани решенија.

Клиенти

  • Како најбрзо да воведам иновации?
  • Како на корисниците да им ги прикажам вистинските идеи и решенија?
  • Како да ја зголемам шансата за успех на пазарот?
  • Како да постигнам постепен раст?

Решенија

Ипсос нуди "Overnight" и "Device Agnostic" решенија, комбинирани квалитативни и квантитативни пристапи, но и квантификување на потенцијалната работа. Нашите брзи и едноставни решенија, проверени модели за ангажирање и симулатори во реално време се изградени на нашиот "Innovation Success Framework" – така брзо можете да донесете добри одлуки.

Во фокусот ни е:

Трансформација на идеи и заклучоци во концептите спремни за тестирање за само три дена!

Со "Insight Accelerator" можеме да Ви помогнеме да креирате и да ги проверите заклучоците и идеите, но и да ги претворите во концепти спремни за тестирање, за само три дена!

Тестирање на заклучоците, идеите, и концептот за само 24 часа!

Нудиме моќни решенија за стекнување на заклучоци преку ноќ, тестирање идеи и концепти. Нашите супер брзи решенија имаат клучни предности: можности за прилагодување кон различни уреди, докажани мерки на успешност и вградена оптимизација.

Тестирање концепти и производи

Нашето иновативно тестирање на концепти ги вклучува потрошувачите во истражувањата кои се прилагодливи на различни типови уреди и концепти. Ќе добиете победнички концепти , оптимизација,  "Archetype profiling" (дали имате "Breakthrough", "Niche", "Premium" или други типови иновација?) и опција за прогноза.  Покрај сето тоа, Вашите концепти ќе бидат споредени  со оние на вистинската конкуренција.

Ефикасна оптимизација на концепти
Со "InnoConstruct", можете да ги тестирате и соберете најдобрите елемнти кои ќе ги вклучите во Вашиот концепт.  Со оглед дека користиме мерки кои не се „искривени“ кон новите производи, не треба да се грижете дека прерано ќе ги одбиете идеите кои немаат концепт.  Достапни се и прогнозите за продажба-без потреба повторно да се тестира оптимален концепт.

Прогнози

Aко знаете како ќе помине Вашата иновација на пазарот- ќе можете да се насочите кон правиот курс,  да управувате со очекувањата и да се припремите за ласнсирање на производот. Ние нудиме прогнозирање низ целиот циклус – од тестирање идеи до опширен стандарден  тест на пазарот со помош на моделот "Designor" и "Vantis". Така, не треба да собираме податоци од истражувањата за да ги оцениме Вашите можности за иновација-користејќи ја нашата  експертиза за структуирани пазари , можеме да го процениме продажниот потенцијал на новите производи на различни категории и на различни пазари во раните фази од процесот на иновација.

Студии од искуства

Создадете нови концепти за три дена: интернационална фармацевтска компанија од Франција, пронајде иновативни формати за витамини, за кои сметаа дека ќе ја зголемат продажбата. Со помош на "Insight Accelerator", можевме да направиме и тестираме 40 заклучоци , а потоа да создадеме и тестираме 20 идеи врз основа на победничките заклучоци, за да на крај истите ги претвориме во победнички идеи, во пет концепти-се за три дена!

Брзо создадете големи иновации: Aмерикански ланец на ресторани требаше брзо да воведе нови производи во своето мени. Тестирајќи идеи со"Overnight", нашиот клиент го скрати процесот за два месеца, ја зголеми стапката на успешност на тестирање концепти за 20%, и ги намали трошоците на половина.

Утврдете го потенцијалот на новиот концепт: произведувачот сакаше да воведе нов бренд и разгледуваше три концепти. Со развој на начинот за тестирање концепти, клиентот доби информации дека профилите на неговите концепти се: „и јас“, „преценето“ и „добар почеток“. Одлуката да се искористи концептот „добар почеток “ беше лесна.

Излезете со најдобрата идеа: сакавме да ја дознаеме оптималната комбинација во заклучокот, бенефитот и мирисот на антибактерискиот сапун. Тестирајќи во конкурентски контексти со помош на нашите проверени модели, имавме можност да ја пронајдеме најдобрата комбинација. Резултатите беа спремни за прогноза и клиентот ги обликуваше своите реклами.

Измерете ги можностите за иновација без податоци за истражувања: светски произведувач на производи за широка потрошувачка сакаше да ги увиди иновациите во неколку земји, во неколку различни категории. Им помогнавме да пронајдат неколку комбинации на земји и категории кои ги исполнуваат нивните продажни цели за иновации. Овие информации им помогнаа да го започнат процесот на воведување иновација и да заштедат време и финансии.