Социјални истражувања и корпоративна репутацијa: Ipsos Public Affairs
OUR SOLUTIONS

Интернационални истражувања

Ипсос зад себе има долго годишно искуство во спроведување на истражувања за трендовите на светско ниво. Со помош на нашите етаблирани производи, и светска мрежа од експерти, во потполност сме спремни да излеземе во пресрет на јавниот и приватниот сектор, агенции, компании и влади.

Клиенти

  • Разбирање и анализа на однесувањето и ставовите на граѓаните/потрошувачи, во различни земји култури;
  • Следење на развојот на феномените со текот на времето;
  • Разбирање на деловната и инвестициона клима;
  • Тестирање, следење и евалуација на комуникациските кампањи кои се спроведуваат во повеќе земји;
  • Влијание и ефикасна работа со интересни групи и луѓе чије мислење влијае на формирањето ставови за општата популација, разбирајќи ги нивните ставови;
  • Евалуација на програмата која се спроведува во повеќе земји, во развиените и деловите од светот во развој.

Решенија

Изобилство од податоци за јавното мислење со кои располага Ипсос, на клиентите им овозможува, наодите кои  ги интересираат,  да ги сместат во потребен контекст-од нашето "Global Advisor" истражување за ставовите на граѓаните во повеќе од 20 земји, до специјализирани  тимови кои креираат и спроведуваат комплексни социјални истражувања во повеќе земји истовремено, користејќи низа од квантитативни и квалитативни пристапи, но и нашите бази со податоци.

Членовите на нашиот интернационален истражувачки тим го сочинуваат експерти за креирање и спроведување  комплексни социјални студии, во повеќе земји истовремено, користејќи низа од квантитативни и квалитативни пристапи . Нашата светска мрежа вклучува 87 земји, и можност за теренска работа во скоро секоја од овие земји.

Со искусни интернационални експерти за истражувања, и најсовремени алатки за координација на нашата методолошка експертиза, на нашите клиенти од јавниот, приватниот и непрофитабилниот сектор, им обезбедуваме податоци со голем квалитет, од скоро секоја земја во светот.

Синдикализирано истражување

Ипсос "Global Advisor" е месечно "Оnline" истражување кое вклучува 18.500 лица, во повеќе од 20 земји во светот.

"Global Advisor"обезбедува податоци и за синдикализирани истражувања на Ипсос, но и за истражувањата прилагодени  кон потребите на иднивидуалните клиенти.  Затоа што претставува флексибилна алатка, може да биде прилагоден  кон Вашите потреби – без разлика дали сакате да поставите едно прашање, или да истражите широка рамка од ставки, и може да ги покрие сите 25 земји, или само неколку од нив.

Секој месец, "Global Advisor" покрива 63% од светската популација и земји кои имаат 82% учество во светското "BDP".

Земји и големина на примерокот: N = 1.000: Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Велика Британија, Индија, Италија, Јапонија, Шпанија и САД.
N = 500: Аргентина, Белгија, Чиле *, Колумбија *, Унгарија, Израел, Мексико, Перу, Полска, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Шведска и Турција.

План за 2016 година: истражувањето се спроведува во третиот понеделник, секој месец, а податоците се доставуваат во вториот вторник, следниот месец.

Глобални синдикализирани извештаи

"PCSI" – се спроведува од 2010 год., "The Thomson Reuters/Ipsos Monthly Primary Consumer Sentiment Index (PCSI)" се спроведува на месечно ниво, национално репрезентативно истражување за ставовите на потрошувачите, за моменталната и идна состојба на локалната економија, за личната финансиска состојба, штедење и довербата како услов за големи вложувања.

"The Economic Pulse of the World" – овој месечен извештај ги истражува ставовите на граѓаните за моменталната состојба  на економијата, за стекнување глобални наоди.

Истражува прилагодени според потребите на нарачателите

Ипсос редовно спроведува квантитативни и квалитативни истражувања на општа популација, како и целни и елитни истражувања ширум светот. Бројот и квалитетот на нашите комплексни студии во повеќе земји истовремено, се без конкуренција.  Во текот на изминатите неколку години, успешно спроведовме големи студии за повеќе клиенти, за светски и национални организации, вклучувајќи ги меѓународните и финансиски институции, агенции, интернационални мултиратерални институции, интернационални фондови и невладини организации, академски институции и други организации со интернационален фокус.

Студии од искуства

Едно меѓународно здружение користеше G@ за да направи истражување за работоспособните граѓани во повеќе од 20 земји, и да ги истражи нивните ставови за миграцијата заради вработување. Резултатите на организацијата и донесоа гоемо признание, и беше унапредена во меѓународно признат играч во нејзиниот сектор на дејствување.

Една меѓународна непрофитабилна мрежа користеше "G@" за годишно истражување на граѓаните во 24 земји, за нивните ставови околу растечките терористички/воени закани ширум светот. Резултатите се користат за следење на загрижените граѓани од година во година, и даваат наоди за тоа што мислат граѓаните.

Еден голем произведувач на енергија истражи кои се најголемите проблеми на месечно ниво, за да ја подобри својата работа.

Владина агенција која е одговорна за давање меѓународна помош, ги мереше економските и социјални трошоци, од насилството над жените и девојките во земјите со ниски и средни приходи. Студијата обезбеди нови важни докази за економските и социјални трошоци од насилството над жените и девојките, и ја информираше јавноста, но и ги насочи социјалните политики, кога се во прашање законската рамка, здравствените и социјални услуги, како и промената на социјалните норми кои се сместени во основата на насилствата над жените.

Истражување спроведено за една финансиска институција ги истражуваше ставовите на припадниците на ромската и не-ромската популација во земјите од централна и источна Европа, како прв чекор кон подобрување на животот на Ромите, низ разбирање на ставовите и перцепцијата која ја спречува нивната интеграција во општеството.