Медиуми и брендови: Ipsos Connect
OUR SOLUTIONS

Измерете го Вашиот ефект во регионот за да управувате со Вашите брендови

Брендовите не опстојуваат во вакум. Потрошувачкиот и конкурентниот пејсаж се во постојан тек и истиот влијае на тоа, како поминуваат брендовите и нивната комуникација кај потрошувачите. Менаџментот може да изврши низа мерења, повеќе од кога и да било, но клучот е во тоа да се интегрира целото знаење, како би се смислила идна стратегија за раст и развој на брендот.

Клиенти

Денес, Вие имате повеќе информации за својот бренд  од кога и да било досега: од продажба и инвестиција, до број на лајкови, шерови или прегледи.  Но ништо не може да го замени  гласот на Вашите потрошувачи. Клучот е во создавање на систем од информации кој ги интегрира сите овие извори, како што се анкети, социјални и пасивни податоци кои пак би Ви обезбедиле потребен заклучок и понатамошен  успех.

Решенија

Софтвери за следење на пазарите во регионот кои ја стартуваат стратегијата и комуникацијата на брендот

Софтверите  на  Ipsos Connect за брендови и комуникација,  користат анкети, но и социјални и пасивни податоци како би им помогнале на огласувачите да изградат силни брендови, кои ќе одговораат на прашањата од типот:

  • Каков е ефектот,  како е мојот бренд?  Каква е мојата конкуренција?
  • Што треба да направиме за да растеме?
  • Како успева мојата комуникација?
  • Како да управувам со креативците и медиумите, како би имал најголем ефект врз мојот бренд ?

Со вклучување на "Brand Value",  моделот кој покажува како купувачите носат одлуки , кој е стартуван повеќе од 20.000 пати и валидиран со 30 категории во повеќе од 45 земји, со 1250+ брендови со најсилно можна валидација за пазарното учество, продавачите можат да тргнат во акција сигурни дека ќе влијаат на растот на деловното работење.  Нашите богати бази од податоци кои вклучуваат повеќе од 100 категории, помагаат во мерењето, ефикасноста и ги насочуваат, но и ги унапредуваат кампањите.

Дигитално решение кое го мери е фектот на Вашето Online видео, огласувајќи го брендот

Сега, повеќе од кога и да било, неопходно е разбирање на видео содржините на социјалните медиуми.  Online видео кампањите , често се мерат со помош на дигитални методи за мерење,  како што се прикази и кликови,  но овие податоци имаат мала врска со начинот на кој кампањите влијаат на брендот.  Со помош  на нашето решение, огласувачите можат да донесат вистинска одлука  за тоа, која видео содржина има најдобар потенцијал за создавање на саканиот ефект  на брендот, комбинирајќи ги заклучоците  од ефектот на брендот  со податоците од однесувањето (изложенсот на реклами), но и податоци од Facebook регистрации во концизен извештај за напредокот.

  • Може да се користи за предходно тестирање на видео содржина на Facebook, пред  стартување или пак мерење во текот на кампањата во живо.
  • Корисниците на Facebook кои се изложени на кампањи, се контактирани да пополнат прашалник  во платформата, користејќи ги нашите стандардни прашања кои се однесуваат на значајни резултати на брендот. Тестирана е контролната група која не е изложена на кампањи , така што можеме да набљудуваме и да имаме влијание врз брендот со контролен  експериментален дизајн.

Студии од искуства

Клиентите често вклучуваат специфично длабинско истражување за ефектот на кампањата како би ги разбрале сите контакт точки со брендот во однос на клучните цели на комуникацијата. Длабинското истражување на кампањите обезбедува сеопфатен поглед врз вкупниот ефект, како би се одредило која контакт точка со брендот е најефикасна, а која бара оптимизација -креативен или друг избор на медиум. Понатамошно моделирање може да ги одреди меѓусебните односи помеѓу точките за контакт, како би се подобрила размената на пораки

Предходниот тест на три видео реклами за лансирање на еден под-бренд од секторот на производи за широка потрошувачка, им овозможи на огласувачите да ја изберат најсилната реклама врз основа на резултатите на брендот кои сакаа да ги постигнат. Во овој случај само метриката за однсеувањето како што е времето на гледаност, предупреди на погрешна одлука во врска со целите на брендот. Комбинацијата на податоци од истражувањата со податоци од однесувањето, и Facebook регистрација им помогна на огласувачите со сигурност да одберат вистинска реклама за лансирање на кампањата.