Однос помеѓу клиентот и вработениот: Ipsos Loyalty
OUR SOLUTIONS

Лидерство и организациска култура

Лидерството е фактор на забрзување во секоја успешна трансформација. Нашите решенија Ви помагаат во креирање на креативен и инспиративен стил на раководење. Организациите се менуваат, но културата останува. Ние Ве подржуваме и во развојната доследна инклузивна организациска култура која овозможува трансформација на Вашата организација.

Клиенти

  • Како да го дефинирате лидерскиот модел и вредностите кои се прилагодени на Вашата стратегија?
  • Како да ги идентификувате и процените лидерските однесувања, како би и помогнале на Вашата организација во новото дигитално време?
  • Како ги ангажирате Вашите лидери  да ја применат својата стратегија?

Решенија

Стратешки ангажман – проценете го нивото на ангажирање на Вашите лидери за успешно да ја спроведете трансформацијата

Дефиниција за модели на лидерство–  Помогнете да се идентификува “Leadership framework 2.0” врз основа на Вашите потреби и сегашниот идентитет;

Дефиниција за корпоративни вредности

Усогласување на организациската култура (на пример: клиентот во центарот на вниманието, почитување на правилата, безбедноста...);

Оптимизација на искуствата на вработените  (вработување, разновидност, инклузија, благосостојба, напуштање на компанијата):

  • Оценете го квалитетот на Вашиот "On-boarding" процес  (програма која нуди подршка на новите вработени и менаџери,  како полесно би ја разбрале културата на новата компанија), и оценете го „моментот на вистина“;
  • Идентификувајте ја разликата помеѓу ветувања на работодавачот и искуствата на вработените;
  • Оценете ја способноста за инклузивност на Вашата организација;
  • Изградете и оценете ги корпоративните вредности за подршка на Вашиот бренд;
  • Сегментирајте и прилагодете ја својата понуда за човечки ресурси.

Студии од искуства

Водечка студија за случај на колективна услуга (стратешки ангажман) →година 2013. Оваа компанија дизајнираше нов и стратешки амбициозен план кој вклучуваше главни стратешки, организациони и културни промени. Клучот за успех беше довербата во раководството. Неколку месеци пред имплементација на проектот, групата одлучи да го измери ефектот на клучните менаџери. Ипсос беше избран да го спроведе истражувањето врз 3.000 клучни менаџери во 69 земји. Обезбедена е посебна подршка и пред собирањето на податоците , но и пред согледување на резултатите. Успехот на овој процес доведе до ново истражување во 2015 год., од поголем обем, како не би го сопреле текот на промените.

Голема студија од искуството не води до една банкарска групација (усогласување на организациската култура) →годината е 2009. Ипсос соработуваше со оваа групација за истата да ги разбере и оцени своите вработени. Првиот бран кој започна во 2009 година , со над 83.000 вработени во 30 земји, имаше за цел да ги усогласи различните истражувања за вработените во организацијата. Бранот е повторен во 2011, 2013 и 2015 година, а процесот сега вклучува 130.000 вработени во 82 земји (26 јазици), и прерасна во вистинска алатка за управување која го подржува процесот на трансформација во групацијата. Во последниот бран, компанијата го промени фокусот од своите вработени кон своите вредности и управување.