Медиуми и брендови: Ipsos Connect
OUR SOLUTIONS

"Ipsos Connect" е специјализиран за мерење и проширување на сознанијата за тоа како брендовите, медиумите и луѓето се поврзуваат со впечатлива содржина, одлична комуникација и релевантно медиумско планирање. Со "Ipsos Connect", клиентите можат да создадат идеална кампања која ќе влијае на успехот на брендот низ продажбата, како и одлична содржина за привлекување на публика. На огласувачите и сопствениците на медиуми, "Ipsos Connect" може да им пружи и економска вредност. Нашите решенија ги сместуваат луѓето во срцето на стратегиите за медиуми и огласување.

Мерење и разбирање на публиката и платформите Како глобален лидер за мерење на гледаноста, ние нудиме информации кои се од клучна важност за огласувачите кои треба да ги насочат своите пораки, сопствениците на медиуми кои треба да ја одредат цената на нивниот медиумски простор и агенциите кои го купуваат медиумскиот простор во име на огласувачите. Прочитајте повеќе
Планирање и креирање содржини и комуникација Одличната содржина и кампања започнуваат со идеи кои добро „звучат“. Без оглед дали ја осмислувате главната порака за водење кампања и содржина со повеќе контакт точки, или планирате најефикасна медиумска стратегија, како би допреле до правата публика во однос на целите на Вашата кампања, Ipsos Connect ви нуди заклучоци со кои ефикасно ќе се справите со сите овие предизвици. Прочитајте повеќе
Тестирајте ги Вашата содржина и комуникација, како би ги подобриле и оптимизирале пред нивно лансирање Денес постојат многу начини да се развијат и испорачаат различни идеи кои би ги привлекле луѓето, и би влијаеле на нивното размислување за своите брендови . Ipsos Connect нуди низа потврдени, пазарни решенија за развој, оптимизација и оценка на креативната содржина или кампања за успех на пазарот. Прочитајте повеќе
Измерете го Вашиот ефект во регионот за да управувате со Вашите брендови Брендовите не опстојуваат во вакум. Потрошувачкиот и конкурентниот пејсаж се во постојан тек и истиот влијае на тоа, како поминуваат брендовите и нивната комуникација кај потрошувачите. Менаџментот може да изврши низа мерења, повеќе од кога и да било, но клучот е во тоа да се интегрира целото знаење, како би се смислила идна стратегија за раст и развој на брендот. Прочитајте повеќе