Медиуми и брендови: Ipsos Connect
OUR SOLUTIONS

Мерење и разбирање на публиката и платформите

Како глобален лидер за мерење на гледаноста, ние нудиме информации кои се од клучна важност за огласувачите кои треба да ги насочат своите пораки, сопствениците на медиуми кои треба да ја одредат цената на нивниот медиумски простор и агенциите кои го купуваат медиумскиот простор во име на огласувачите.

Клиенти

Во дигиталната ера, брзото создавање на врска е тоа што е потребно во светот на медиумите, содржината, телекомуникациите и технологијата. Познавањето на целната публика и нејзиното следење во медиумите,  се од клучно  значење за носењето паметни  одлуки.

Решенија

Мерење на слушаноста, гледаноста, читаноста

Разбирањето и мерењето на следењето, се наоѓа во срцето на истражувањата на медиумите. На глобално ниво, Ипсос е одговорен за повеќе од 70 програми за мерење на следеноста, вклучувајќи го “Affluent Survey”, водечки авторитет во следење  на медиумите  од страна на финансиски најбогатата публика во светот.

Ние, во сите земји користиме низа пристапи за максимално да го зголемиме  одговорот и застапеноста на публиката, вклучувајќи ја употребата на телефони, анкети лице во лице, во нивните канцеларии и домаќинства, како и собирање податоци со помош на специјализирани панели.  Важно е да се забележи  е дека нашиот пристап  секогаш го сместува брендот во центарот на вниманието, и се фокусира на следење на содржината без оглед на платформата,  односно ние прашуваме  за читаноста на медиумскиот бренд  на било која платформа, а потоа прашуваме  за читаноста, внатре во платформата, а не обратно.

MediaCell

"MediaCell" е софтверска технологија која овозможува мерење на пасивната публика и медиуми , по пристапна цена. Оваа технологија ги оспорува веќе поставените деловни модели така што нуди поголем  волумен по впечатлива цена.  Оваа технологија им овозможува на клиентите да ги разберат своите потрошувачи,  како во поглед на нивното следење на медиумите,  така и во смисла на изложеноста од огласување.

MediaCell е разновидно решение со низа потенцијални апликации, вклучувајќи:

  • "Personal meters": за мерење на следеноста на сите медиуми на кои е изложен испитаникот, или за следење на комерцијални кампањи преку сите медиуми ("Media Cell" за огласувачи).
  • "TV People Meters":  представува достапна алтернатива за традиционалните мерачи, комбинирајќи го уредот кој луѓето го користат секојдневно, дома, во својата дневна соба, со дополнителна предност на модерниот touch-screen  кориснички интерфејс.
  • "Set Meters": оваа алатка ни дава информации за тоа што се гледа, и користи напредната техника за моделирање за да го прикаже оној кој гледа. Ова е прифатливо решение за мерливите панели.

Студии од искуства

Многу сопственици на медиуми-особено ексклузивните магазини како Time и Fortune или телевизиските станици како што се CNN, BBC World и The Discovery Channel имаат тесно структуиран таргет за да би се виделе во медиумските истражувања. Низ годините, овие медиуми се потпираа на „Affluent Survey“ која им помогна да ги рекламираат и продаваат своите медиуми на огласувачите и агенциите. За агенциите и нивните клиенти, „Affluent Survey“ е често единствен начин да ги идентификуваат клучните потрошувач и во одредени деловни сектори во кои доминираат финансиски богатите луѓе. Тоа се: авио компании, хотели, произведувачи на луксузни автомобили и провајдери на финансиски услуги.