Собирање и испорака на податоци: Ipsos Observer
OUR SOLUTIONS

Омнибус

Како агенција која се занимава со истражувања на пазарот на светско ниво, Ипсос нуди низа различни типови омнибус решенија, креирани за да ги исполнат Вашите потреби во смисла на геграфска покриеност, репрезентативен примерок, брзина и конкурентна цена. Исто така нудиме меѓународна координација, и имаме можност да понудиме резултати во низа формати, едноставни за користење.

Клиенти

Земајќи ги во предвид  Вашите цели за истражувања, географски барања, целни групи во врска со односот на цената и квалитетот на испорака,  нашиот тим ќе работи со Вас за да ги предложи најдобрите решенија за Вашите потреби – имаме "Online", "Face to Face", телефонски и интернационални омнибус алактки, чија цел е да Ви помогнат да ги решите Вашите деловни предизвици.

Решенија

"Online Omnibus (I-Omnibus)" претставуваат совршен компромис помеѓу брзината, цената и репрезентативниот примерок,  и истиот е идеален за локални и интернационални истражувања;

"Omnibus Face to Face (Capibus)" го нуди најрепрезентативниот примерок на популацијата. Ова сеопфатно истражување вклучува голем број на информации за испитаниците и домаќинствата , од стандардна демографија до податоци за користење на интернет, и дали испитанците поседуваат конзола за играње. Сите овие информации се достапни, дали за таргетирање испитаници за одредени прашања, или за профилирање на Вашите резултати.

Tелефонски Omnibus (CATI) ("Computer Assisted Telephone Interviewing") нуди најбрзо достапни информации од сите "Offline" модели. Наодите можат да бидат готови по три дена од  договорот за прашалникот. Собира голем број на информации за испитанците и домаќинствата, од стандардна демографија, до податоци за домувањето, или пристап до интернет. Сите овие информации се достапни, дали за таргетирање на одредени испитаници за одредени прашања или за профилирање на Вашите резултати.

Интернационален Омнибус се користи за истражувања за сите светски пазари. Спроведовме омнибус истражувања во повеќе од  50 земји ширум светот, и изградивме голема мрежа на соработници слични на нас.  Сите овие соработници се посветени на спроведување совршени омнибус истражувања и работат во согласност со нашата строга контрола за квалитет. Така гарантираат дека Вашите истражувања ќе бидат спроведени без никаков проблем.

Студии од искуства

"Behavioral" студии во Вашата земја:
Пристапот и користење интернет (посебно за "E-mail") непрестано растат, заедно со потенцијалните рекламни "E-mail" ("Spam") електронски пораки. Колку сето тоа може да биде ефикасно? Нашиот клиент требаше да одлучи дали "Spam"-увањето е исплатливо за да се приближи до идните корисници за низа "Online" услуги и категории на производи. Користејќи "Online" омнибус на различни пазари како што се Велика Британија, Франција, Германија, САД, Канада и Бразил, можевме да го процениме ефектот на "Spam"поштата која е избришана пред нејзиното прегледување, кои се демографските групи кои се расположени за "Spam"маркетинг, кои услуги /категории производи имаат најголем успех, како и степенот на задоволство од купувањето со помош на "Spam"маркетинг.

Синдикализирано истражување
Многу години спроведуваме големи синдикализирани финансиски студии со помош на омнибус методата „лице во лице“. Студијата вклучува инвестиции, познавање на брендови, имиџ, следење на медиуми и намера за купување. Истражувањето се испорачува до сите членови со помош на "Memphis Survey Explorer". Овој софтвер им овозможува на корисниците да прават сложени и вкрстени анализи, и со еден клик да создаваат графикони и табели. Така, успешно ги искористивме податоците добиени од ова истражување за да ја предвидиме веројатноста од промени на пазарот на берзата.

Глобална здравствена студија
Голема фармацевтска компанија бараше информации од ефектот на нивната марка, во конкурентскиот интернационален контекст. Како дел од нашата глобална омнибус услуга, можевме да понудиме целосна анализа од областа која нашиот клиент сакаше да ја истражи, експертиза за разбирањето на културните влијанија, во контекст на истражувања и брзи резултати (табели, презентации, и SPSS data file). Оваа студија се спроведува повеќе од 4 години, и наодите се користат за носење стратешки и деловни одлуки.