Иновации и бренд стратегија: Ipsos Marketing
OUR SOLUTIONS

Path to Purchase & Shopper Research

Ипсос создаде силна глобална експертиза во "Path-to-Purchase" и "Shopper Research". Ви помагаме да се поврзете со остроумните и добро информирани потрошувачи, во новата малопродажна реалност.

Клиенти

  • Како да разберам, како потрошувачите носат одлуки на продажното место или Online?
  • Како да го разберам ефектот на социјалните медиуми врз одлуката за купување?
  • Како да ги организирам ходниците и полиците за да остварам поголема продажба?
  • Кој е најдобриот маркетиншки план за мојот бренд?

Решенија

Нашите експерти создадоа решенија кои Ви помагаат да го разберете ефектот на електронската трговија и дигиталните информации на ланецот вредности интересни за одредена целна група.

Во фокусот ни е:

Како да стекнете нови потрошувачи

Со "The Bridge", новото квантитативно решение , ги поврзуваме  вистинските и потенцијалните корисници. "The Bridge" прикажува што се случува во реалниот живот помеѓу оние кои брзо прифаќаат новитети и потенцијалните корисници, низ вистински разговори.  Резултатите ќе Ви помогнат да ги моделирате Вашите пораки, контакт точки со потрошувачите, промоции и амбалажа.

Насочете се кон вистинските потрошувачи и вистинските контакт точки

Со "Life Path" ќе разберете како потрошувачите прават избор при купување, и како да ги идентификувате контакт точките кои имаа најголем ефект врз зголемувањето на продажбата.  Како? Со помош на нашиот сеопфатен пристап кој ги интегрира квантитативните и квалитативните истражувања, "Social Listening" и пасивно мерење.

Оптимизирајте го составот на категориите и планограмот

Нашите "Adjacencies"  ќе Ви покажат како да го оптимизирате составот и распоредот во рамки на Вашите категории, откривајќи како купувачите ги организираат Вашите производи.  Нашите "Decision Navigation Trees" ќе Ви ви помогнат и да го оптимизирате Вашиот планограм  - со помош на мобилните уреди, неверонауката и следење на движењето на очите. А кога се во прашање оптимизацијата на Вашиот асортиман  и усогласување со стратегијата за продажба на канали и малопродажба, нашиот  "Efficient Assortment" ќе Ви помогне да ја идентификувате комбинацијата на производи кои ќе донесат најголема продажба.

Откријте ги вредностите на малопродажбата

"Retail Perceptor" нуди податоци за тоа како купувачите гледаат на вредноста на малопродажбата.  И произведувачите и малопродавачите можат да ги користат овие информации за да се насочат кон вистинскиот правец  за да ги прилагодат маркетиншките планови и конечно да ја зголемат продажбата.

Успех на местото на продажба

Ние нудиме моделирани портфолио од решенија за тестирање на активацијата на продажните места – од идеи, до скрининг, тестирање на ефектот на пазарот. Без оглед  во која фаза припаѓате, моежеме брзо и  точно да Ве информираме што ќе функционира, а што не.

Дознајте што точно се случува на продажното место

"Engage Lite" нуди квантитативни информации за ефектот на продажното место и за искуството на корисниците.  Со помош на податоците кои ги собираат дискретните набљудувачи во објектот,  "Engage Lite" ви помага да ја оптимизирате "Shoppers’ Flow Map", процентот на купувачи кои остваруваат интеракција со луѓето и производите, просечно време на купување, и зони во кои купувачите купуваат.

Студии од искуства

Нашите клиенти ја користат нашата експертиза за да го подобрат ефектот на продажните места.