Медиуми и брендови: Ipsos Connect
OUR SOLUTIONS

Планирање и креирање содржини и комуникација

Одличната содржина и кампања започнуваат со идеи кои добро „звучат“. Без оглед дали ја осмислувате главната порака за водење кампања и содржина со повеќе контакт точки, или планирате најефикасна медиумска стратегија, како би допреле до правата публика во однос на целите на Вашата кампања, Ipsos Connect ви нуди заклучоци со кои ефикасно ќе се справите со сите овие предизвици.

Клиенти

Светот во кој се создаваат брендовите се менува брзо. Фрагментација на медиумите, дуплирање на платформите и драматични промени во однесувањето , го отежнуваат Вашиот бренд да го пронајде патот до привлекувањето на внимание.  Исто така, потешкотија претставува и начинот како најдобро да се распоредат малкуте ресурси на повеќе контакт точки.  Дали да одвоите поголем  буџет за дигитални платформи или сеуште е најсигурно да играте на картата телевизија?

Истовремено, се менува и улогата на брендовите во животот на луѓето и начинот на кој тие бавно ги избираат. Според  нашето искуство, брендовите кои се стремат кон создавање големи идеи и планирање со кое најдобро ќе ги остварат целите на својата кампања,  го освојуваат вниманието на гледачите и создаваат желба за брендот.

Решенија

Истражување на комуникацијата во рана фаза како би се овозможило создавање кампањи кои покриваат повеќе допирни точки  од целта, за изградба на брендот, со помош на силната "Big Ideas".

Комуникациските пораки ("Big Ideas"),  се поважни од кога и да е. Тие можат да ја зајакнат креативната слобода со кристализација на стратегијата за сите комуникации на брендот.  Тие можат да дојдат до особена комуникација која може да пројде во различни региони и формати. Ipsos Connect нуди детални повратни информации од страна на потрошувачите за пораките на брендот, кои се користат како насоки за водење цврсти, ориентирани, креативни,  консултативни состаноци со клиентот.

Без оглед на деловните потреби,  бренд или пазар, ние користиме комбинација од квантитативни и квалитативни техники, традиционални, и оние кои само што не се појавиле  (на пример: систем 1 мерки, социјални, инстант заедници) за да учиме во опкружување во кое се негува и развива "Big Ideas".

Студии од искуства

Соработувавме со бренд од прехрамбената индустрија, како би му помогнале да влезе во значајна и освежена бренд приказна. Идентификувајќи ја емоционалната порака, клиентот и агенцијата се насочија кон креирање идеи кои не само што доведоа до силен ефект на брендот во регионот, но и до силен ефект на Online кампања која се прошири како пожар.

Клиент кој троши 2 милиони долари на локално ниво, размислуваше за намалување на распределбата во тв, во нивната сопствена медиумска куќа. Резултатот на студијата "Media TIPs" покажа дека предходната алокација на средствата за медиуми од 2 милиони долари не била оптимална и дека намалувањето на вкупната потрошувачка на тв негативно би влијаело на клучните цели на брендот, во смисла на неговата популарност и разбирање.