Собирање и испорака на податоци: Ipsos Observer
OUR SOLUTIONS

Прилагодени панели

Ние го разбираме ставот за редовна проверка на пулсот на потрошувачите кои Ви се најважни. Нашиот прилагоден панел Ви нуди можност, редовно и директно да разговарате за клучните сегменти на потрошувачите, и да ги следите трендовите кои го движат однесувањето на потрошувачите.

Клиенти

Прилагодениот панел може да биде решение за Вас ако:

  • Потребен Ви е пристап насочен кон потрошувачите;
  • Сакате редовно да собирате податоци за истиот сегмент на потрошувачи, да бидете во постојан контакт со нив, и повремено да остварите одредена интеракција со нив;
  • Сакате да го следите ефектот  или перцепцијата за производот, услугата или брендот во иста група на луѓе;
  • Потребно Ви е флексибилно истражување и користење на низа квантитативни и квалитативни техники, од брзо добивање резултати до малку пософистицирани студии.

Решенија

Како еден од лидерите на панели во развој, Ипсос ќе создаде панел само за Вашата организација, креиран за да Ви обезбеди директен пристап до потрошувачите и интересните групи, овозможувајќи Ви брзи резултати, како и длабински наоди за одрдени деловни проблеми, како и следење на искуството на одредени членови на панелот.  Ви нудиме флексибилност околу брзото и ефикасно истражување на потрошувачите, секако на исплатлив начин. Вашиот панел ќе биде креиран со помош на експертите од Ипсос, придржувајќи се до високите стандарди за квалитет при регрутација, активности во панелот и анкетирање.
Нашиот искусен тим ќе Ви биде партнер во текот на работењето со панелот. Овој тим кој е посветен на клиентите и цело време ќе биде задолжен за дизајнот, регрутацијата и одржување на панелот, кој пак ќе генерира вредни и корисни наоди. Активен и редовен панел Ви овозможува да спроведувате низа истражувачки активности во согласност со Вашите потреби.
Имате пристап до софистициран панел кој вклучува и мобилна апликација. Но ние не нудиме само технологија, а низа производи и услуги кои ги прилагодуваме според  Вашите потреби. Можете да работите брзи скрининзи,  длабински истражувања,  брзи или долгорочни истражувања,  разговори помеѓу панелиситите, дискусии, форуми, блогови, експертски блогови, брзи анкети...и се тоа на многу едноставен начин!
Нашата платформа, исто така е и визуелно привлечна и забавна за користење. Лесно можеме да го претвориме истражувањето во игра со помош на нашите атрактивни прашања.
Прилагодениот панел на Ипсос нуди повеќе опции кои ќе одговараат на потребите на Вашето истражување:

  • Експресен панел: eкспресниот панел е прилагоден за заедничка платформа. Неговата предност е во тоа што  сопствеништвото е на еден клиент,  но овозможува заштеда низ инфраструктурата која ја дели со други панели на Ипсос .
  • Класичен панел: класичниот панел има посебна платформа за секој клиент, со ексклузивно право на влез,  и е прилагодена според карактеристиките на порталот.
  • Напреден панел: нашата најсофистицирана понуда, напредниот панел, има посебна платформа за секој клиент, со ексклузивно право за влез и има најголем степен на прилагодување на порталот и ангажирање на членовите.

Студии од искуства

Стратегија за привлкување на корисници
ДЕЛОВНА ПОТРЕБА: водечки провајдер за кредитни картички бараше начин да развие платформа со чија помош сакаше да дојде до повратни инфромации од корисниците, и да ги унапреди важните стратешки цели. Нашиот клиент бараше иновативен пристап кој би бил во согласност со неговата позиција на креативен продавач. Решението мораше да ги почитува строгите правила за приватност и технолошки барања заради сложената и барана правна регулатива.
НАШЕТО РЕШЕНИЕ: репрезентативен панел со повеќе од 6.000 канаѓани кои се сопственици на кредитни картички , дава повратни информации за низа прашања. Одговорите на панелистите се внесуваат во процесот на носење одлуки и се тргнува од гласањето за предложените елементи од дизајнот на маркетиншкиот материјал, до разбирање колку им се допаѓаат новите услуги. Техниките како што се видео снимки кои ги прават корисниците и кои го опишуваат идеалното искуство, се користени за продлабочување на разбирањето на вредностите за кои се залагаат корисниците и промовирање на панелот.
ШТО ДОБИВА КЛИЕНТОТ: видео снимките кои ги правеле корисниците се прикажани на состаноците на управниот одбор на клиентот, со цел подобрување на дискусиите за ефикасно ангажирање, прилагодено за корисниците. Панелот стана важен глас при носењето одлуки во компанијата, кои пак одлуки влијаат врз проценката на можностите за бизнис и распределба на ресурсите.

Унапредување на програмата за здравтсвено осигурување
ДЕЛОВНА ПОТРЕБА: голема осигурителна компанија која се занимава со здравствено осигурување, сакаше да стапи во контакт со своите корисници за да дознае како да ја унапреди својата понуда, и да ги подобри "Online" интеракциите.
НАШЕТО РЕШЕНИЕ: за овој панел се регрутиани 4.000 здравствено осигурeни лица. Панелистите го поделија своето мислење за бенефитите, и ја оценија функционалноста на "Online" алатките кои им се на располагање на осигурениците. Панелистите исто така можат да ги делат своите наоди во форма на месечни анкети и дискусии, за теми кои често потоа прераснуваат во квалитативни студии. Кутијата за предлози цело време е достапна до панелиситите. Повремено се користени и разговори во живо, за длабински влез во целната тема.
ШТО ДОБИВА КЛИНТОТ: со редовно ангажирана база од корисници, нашиот клиент воведе брз и економичен начин за да собере информации со помош на кои може да го подобри задоволството на своите корисници, и така да ги задржи. Повратните информации од панелистите не се користат само за унапредување на "Оnline" алтките кои им се на располагање на членовите, а врз основа на истите, се променети и одредени делови од понудата.

Реклами прилагодени за потрошувачите
ДЕЛОВНА ПОТРЕБА: водечки светски производител на козметика сакаше да ги оптимизира своите реклами и маркетиншки програми, и да ги прилагоди по клучниот сегмент на потрошувачите. Важен елемент на нивната стратегија беа промотивните материјали кои се произведуваат во текот на целата година, секој со единствена идеја и дизајн. Нашиот клиент сакаше брзи резултати за перцепција на потрошувачите за потоа одговорите да ги вметне во густиот распоред на своето производство на овие материјали.
НАШЕТО РЕШЕНИЕ: создаден е панел по барање, со повеќе од 3.000 корисници во Европа, со цел да се оценат различните креативни пристапи за секоја кампања, и добивање на повратни информации за понудата од производи, цената и дизајнот. Клучните индикатори на ефектот, како што се допаѓањето и намерата за купување, се внесени во кумулативна база од податоци, заради анализа на кампањата во однос на останати кампањи.
ШТО ДОБИВА КЛИЕНТОТ: со вклучување на потрошувачите во процесот на дизајнирање, нашиот клиент можеше да ги забележи проблемите пред лансирање на пазарот и минималниот ризик да згреши. Врз основа на позитивните повратни информации од членови на интересни групи, нашиот клиент ги прошири своите цели на панелот и вклучи стратешки инвестиции, вклучувајќи ја и евалуацијата на нови производи. Програмата се прошири и во други региони, вклучувајќи ја Северна Америка.