Иновации и бренд стратегија: Ipsos Marketing
OUR SOLUTIONS

Разбирање на пазарот

Разбирањето на пазарот е основата за сите маркетиншки активности. Ипсос има цел да ги разбере луѓето, брендовите и пазарот за да го подобри деловниот раст.

Клиенти

Како да го забрзам процесот на носење одлуки за да бидам во чекор со пазарот?
Како да ги сегментирам моите потрошувачи, купувачи, производи или можности кога се користат моите услуги?
Како да препознаам платформа за иновација и неисполнети потреби?
Како подобро да ги таргетирам моите потрошувачи?
Како да го позиционирам мојот бренд?
Како да го оптимизирам мојот бренд и понудата на производот?
Како да го препознаам опсегот кој мојот бренд може да го достигне?

Решенија

Нашите експерти ќе Ви помогнат да ги откриете, измерите и утврдите приоритетните можности за напредок на пазарот, но и да ги препознаете платформите за иновација.  Нашите решенија се поврзани со деловните резултати со помош на напредна аналитика и активациони работилници.

Во нашиот фокус е:

Нов пристап за користење и ставови, преку користење различни извори на информации

За да им помогнеме на нашите клиенти да го одржат развојниот чекорот, Ипсос се потпира на големи студии на брзи дигитални информации од повеќе извори. Нашиот нов  пристап интегрира низа од најсовремени техники, со цел забрзување на процесот за донесување одлуки:

  • "Social Listening";
  • Квалитативни пристапи;
  • Рационализирани истражувања кои е можно да се спроведуваат на различни типови уреди;
  • Дополнителни модули како: "Brand Dip", "Mobile Diary", "Shopper" и "Pop-Up-Communities".

Паметна сегментација

Не постои едно решениe, а низа предуслови за извршување на успешна сегментација.  Ќе Ви помогнеме да ги изберете клучните варијабли за сегментација за Вашите деловни предизвици, кои ќе имаат силен ефект врз сегментите, но и врз применливоста на резултатите.

Структура на пазарот

Нашата работа на структура на пазарот,  детално опишува како потрошувачите ги организираат своуте производите, брендовите и продуктите кога ги купуваат, ги користат или трошат. Доставуваме структуирани мапи со различни домејни, кои пак се збогатени со информации за: потребите, можностите, ставовите, користењето како и демографија на испитаниците.

Студии од искуства

Бидете сигурни дека ќе ги дознаете најважните информации: наш клиент кој работи со потрошувачка на електроника, сакаше да спроведе U&A студии , кои навистина ќе ги дадат одговорите на важни сегменти од деловното работење. Во првата фаза спроведовме деск истражување и social listening за да идентификуваме кои информации недостигаат во компанијата на нашиот клиент. Потоа користевме истражувања на мобилни телефони за да добиеме информации за длабинското разбирање на пазарот и градевме на основа на хипотезите од првата фаза. Потоа, употребивме Pop-Up Community за подлабок заклучок за најрелевантните потреби на потрошувачите. Наместо едно истражување, овој пристап му овозможи на клиентот да ги „поврзе точките“. Клиентот веќе воведе неколку идеи со голем потенцијал, заблагодарувајќи се на итеративната природа на овој пристап.

Кој стои зад потребите? Произведувач на храна сакаше да спроведе студија за сегментација за да разбере во кои моменти, која потреба се појавува. Ја спроведовме студијата која му помогна да ги разбере различните потреби на потрошувачите на растечкиот пазар на грицки. Наоружан со овие информации, клиентот можеше да го поврзе сегашното портфолио на компанијата со релевантни области и да го идентификува „теренот“ за нови идеи за грицки.

Идентификација на можностите: користевме Market Structure за да му помогнеме на клиентот да ги разбере позициите на своите категории на пазарот на пијалоци. Обезбедивме перцепциална мапа (вклучувајќи ги можните замени и и категориите блиски по природа) која на клиентот му помогна да ги идентификува празнините и долгорочните рамки за иновација во своето деловно работење.