Иновации и бренд стратегија: Ipsos Marketing
OUR SOLUTIONS

Решенија поврзани со здравството

Распоредени во 40 земји, нашите 600 експерти ги подржуваат клиентите во текот на целиот животен циклус на брендот.

Клиенти

Економска стратегија: како да ги идентификуваме вистинските алатки во вистинско време за комерцијализација?

 

  • Како изгледа идниот раст на овој пазар?
  • Кои се потенцијалните можности за мојот ресурс?
  • Како да ги одредам приоритетите?
  • Каква е структурата на пазарот и на што да се фокусирам?
  • Каков дизајн наменет за клиниката, ќе биде успешен?
  • Како на најдобар начин да ги одредуваме цените? 

Лансирајте најдобро што можете: како да ги креирам и изградам моите брендови?

 

  • Како да градам исчекување и побарувачка на корисниците?
  • Која е оптималната стратегија за ласнирање на мојот бренд?
  • Како да ги поставам цените кои најмногу ќе се исплатат?
  • Како да ја креирам најдобрата позиција на мојот бренд?
  • Каква треба да биде мојата рекламна стратегија?
  • Како да го организирам и насочам мојот тим за продажба?

Оптимизација на ефектот: како да го максимизирам потенцијалот на брендот?

 

  • Кои тактички подобрувања ќе допринесат, мојот бренд брзо да го достигне највисокото ниво на продажба?
  • Како да го забрзам патот до најголемиот ефект за мојот бренд, но и да се одбранам од стратегијата на конкуренцијата?
  • Дали позицијата на мојот бренд е во согласност со целните потрошувачи?
  • Какво е влијанието на моите пазарни активности?
  • Како ме перцепираат мене во однос на конкуренцијата?
  • Како да го заштитам својот бренд од генерички влезови?

Проток и искуство на пациенти: како да го разберам искуството на пациентите во опкружување од повеќе интересни групи?

 

  • Каде се вклопуваат/би можеле да се вклопат моите молекули во текот на лечењето?
  • Што треба да направам за да го развијам пазарот за мојата молекула?
  • Каков е протокот на популација на пациенти низ системот за лечење?
  • Колку е важно здравственото осигурување во текот на лечењето?
  • Какви одлуки носат пациентите и кога?
  • Како најдобро да комуницирате со пациентите кои боледуваат од одредени болести?

Решенија

Ние користиме сеопфатни пристапи, терапевтски експертизи и познавање на пазарите за да ги поставиме потребите на клиентите во фокусот на:

  • "Integrated Research Frameworks":  на секој клиент му го нудиме најдоброто од Ипсос, користејќи најадекватна методологија од нашето портфолио – често креираме нарачани решенија кои се комбинираат со прилагодени, синдикализирани и други истражувања. Исто така редовно користиме најнови истражувачки техники  за да одговориме на деловните прашања на нашите клиенти од здравството.
  • "Global Real World Evidence": Нашето "Global Therapy Monitors" вклучува најголемо детално портфолио од синдикализирани податоци, од препишувањето лекови – а ние сме вешти во комбинирање на синдикализирани и нарачани пристапи за да обезбедиме длабински наоди и поголема вредност. Достапни се и дополнителни синдикализирани услуги кои ги користи "Therapy Monitor" податоци. Повеќе на.
  • "Global Centres of Excellence (CoEs)": нашиот "Global Centres of Excellence" ја користи нашата експертиза и лидерство низ нашите тимови во 44 земји.  Покриваме: онкологија, вирологија и заболување на црниот дроб,  автоимуни болести, дијабетис, ретки болести, медицински уреди и дијагностика, напредна аналитика, докази, вредност и пристап на светско ниво, собирање податоци во здравството, "Digital"; и "Connected Health".

Студии од искуства

Следење на брендови во онкологија на светско ниво
За да ги поткрепи своите стратешки одлуки, нашиот клиент од областа на фармацијата, сакаше резиме за сите свои брендови, за да го согледа нивниот ефект, едни од други, во регионот. Користејќи експертиза и извори Oncology Centre of Excellence, Ипсос обедини различни извори на податоци за да ја постигне целта на клиентот. Global Oncology Monitor (најголема светска синдикилизирана база од податоци за лечење на рак), нарачана студија за регистрација на пациенти и нарачан прашалник прилагоден по клучните цели на клиентот. Клиентот сега може да го следи ефектот на сите свои брендови низ клучните индикатори за ефект. Доставата со помош на портал значи глобална усогласеност на администрацијата , а предноста на синдикализираниот и обединет пристап дава дополнителна вредност.

"Connected Health" – уреди кои се носат на телото, апликации, биосензорни уреди и други нови технологии се користат за следење и управување со нашето здравје. Овие уреди имаат голем ефект и ја менуваат глобалната игра. Во согласност со наведеното, "Ipsos Healthcare" спроведе прво "Ipsos International" истражување "Connected Health 2016", давајќи сеопфатна слика за разбирањето и користењето на "Connected Health" Вклучувајќи 3 континенти и 11.600+ интервјуа со општа популација, лекари и пациенти, извештајот исто така вклучува единствена сегментација по преференци на технологијата меѓу пациентите кои боледуваат од дијабетис 2 с. До денес, резултатите се претставени на "HIMSS mHealth Summit" и "Health 2.0". Оние кои го купиле извештајот можат да ги користат наодите за развивање производи, за разбирање на неисполнетите потреби , обликување на пораките, идентификација на каналите за комуникација.

"Real World Evidence" за влијанието на биосимуларите
Со оглед на воведувањето на биосимулари , многу е важно да разберете каков ефект ќе имаат овие производи на сегашниот начин на лечење, и за брендираните производи и за оние кои развиваат биосимулари. "Ipsos Healthcare’s Syndicated Autoimmune Biosimilar Impact Study" нуди сеопфатно решеније насочено кон иднината. Го комбинира перцепциалното истражување меѓу лекарите и фондовите, со обемни податоци за пациентите од "Ipsos’ Global Therapy Monitors". Претплатниците (и фармацевтите и биотехнолошките организации) стекнаа наоди од степенот на прифаќање на биосимуларите, можна популација на пациенти, и карактеристики кои ќе ја забрзаат употребата на биосимулари.