Социјални истражувања и корпоративна репутацијa: Ipsos Public Affairs
OUR SOLUTIONS

Social Research Institute

"The Social Research Institute" е светски лидер во истражувања за перцепција на граѓаните, корисниците на јавните услуги и други интересни групи, вклучувајќи ги членовите, вработените, донорите, медицинските работници и гласачите.

Клиенти

  • Преместување на јазот помеѓу владата и јавноста;
  • Истражувања за ставовите на граѓаните, и други итересни групи, и утврдување на нивните проблеми;
  • Консултирање на голем број интересни групи во врска со темите од значење;
  • Процена и поставување на стандардите за задоволства од услуги, и мерење на напредокот;
  • Мерење на влијанието и резултатите од програмата и политиката.
  • Набљудување на промените во однесувањето на граѓаните/потрошувачите, и утврдување на трендовите и нивна импликација.

Решенија

Ние дизајнираме, развиваме и спроведуваме специјално прилагодени истражувања за клиентите во владата и јавниот сектор, за да им помогнеме да донесат подобри одлуки подкрепени на вистински податоци.

Нашите експертски тимови во секоја земја, длабински го познаваат секторот и на располагање ни се носителите на одлуки во врска со низа јавни политики.

Анкетирање на граѓани и интересни групи

Ипсос користи голем број квантитативни и квалитативни методологии, вклучувајќи го анкетирањето "Face to Face", електорнската пошта, "Online", социјалните мрежи, "Social Listening", јавни расправи, фокус групи (во живо и "Online"), длабински интервјуа, "Citizens Labs", и етнографија, со чија помош го бара мислењето на граѓаните/интересните групи, за низа важни теми и проблеми, и обезбедува информации и докази кои им помагаат на носителите на одлуки во јавниот сектор за да ги развијат и оценат своите политики, програми и комуникации. Заедно со нашите клиенти пронаоѓаме, сегментираме и ги профилираме нивните главни целни групи, и утврдуваме како најдобро да ги вклучиме постоечките и потенцијални целни групи.

Управување со понуди и подобрување на јавните услуги

Ние им помагаме на владите на локални и регионални држави, да ги разберат сите нијанси на јавното мислење и однесување, во врска со социјалните и економски моменти.

Големиот обем на работа којa ja работиме ширум светот ни обезбедува контекст со кој можеме лесно да ги толкуваме резултатите кои се однесуваат на нашиот клиент, и така имаме длабински увиди и сеопфатна анализа.

Евалуација на политика, процена на влијание и програма

Нашето големо искуство на соработка со владите и непрофитабилните организации, ни овозможува доследен пристап и потребни истражувачки техники за да утврдиме какво влијание остварила одредена интервенција или програма, за да дефинираме зошто некоја инвестиција или програма функционира, а зошто некоја не.

Интернационален развој

Ипсос е стручен за истражување на низа меѓународни области во развојот и јавната дипломатија, како што се: земјоделство, грѓанско општество, ублажување на конфликти, демократија, граѓански права, управување,  повремен развој и трговија, образование, финансии и економска инклузија, животна средина и природни ресурси, развој на граѓански и институционални капацитети, здравје и исхрана на населението, пол, меѓународна дипломатија и соработка, хуманитарна помош и помош од природни непогоди.

Ипсос редовно спроведува квантитативни и квалитативни студии за општата популација, како и истражувања за целни и елитни групи ширум светот.  Ипсос исто така е стручен за евалуација на програмите, како и примери од можна рамка, логички модели, експериментални и не-експериментални студии за процена на влијанието, процена на потребата од програми, системи за следење на ефектот, собирање и анализа на примарни и секундарни податоци, и испорака на аналитички извештаи и стратешки препорака.

Здравство

Развивме стратешки истражувачки програми за различни влади, непрофитабилни организации, болници, интегрирани здравствени системи, национални и регионални здравствени осигурувања, и други организации кои се занимаваат со здравствена заштита.

Нудиме сеопфатна низа на услуги и методологија, насочени кон перцепција на јавноста и пациентите (и квалитативни и квантитативни) и така им помагаме на здравствените работници и носители на одлуки во здравствениот систем, да ги подпираат своите одлуки на докази.

Развиваме и спроведуваме евалуациони програми и студии во реално време, за искуствата кои мерат достигнувања (реални доживувања) и обезбедуваат препораки за континуиран развој.

Комуникација, кампањи, брендирање, промени во однесувањето.

Медиуми и истражување на јавното мислење

Во текот на изминатите две децении, го градиме нашиот бренд , а тоа значи точност, вистина и увид. За нашите клиенти спроведуваме истражувања на јавното мислење  и пазарот, и овие  истражувања се објавуваат во медиумите, ги даваме на други интересни групи, како што се влади, или клиентите ги користат за рекламирање и следење на материјалите.

Политика и избори

Дефинираната карактеристика на демократијата е правото на граѓаните да гласаат и Ипсос има огромно искуство во спроведување на високопрофесионални политички и изборни истражувања. Со повеќе од 30 години искуство во истражувања на политичките ставови, и со обемна методолошка експертиза, на клиентите им гарантираме проценливи и верификувани резултати.

Социјални трендови

Им помагаме на клиентите да ги идентификуваат длабинските социјални трендови, на локално и интернационално ниво.

Студии од искуства

Нашиот специјализиран тим за политика и евалуација спроведува низа проекти за евалуација во Велика Британија, за европските и интернационални клиенти во јавниот и непрофитабилниот сектор. Нашиот тим од експерти за евалуација, економисти и експерти за политика, ни дава насоки кон спроведување на обемни социјални студии, низ сите области на политиката, за да им обезбедиме на нашите клиенти висококвалитетни и целосни решенија.

Истражување на една национална влада, на светско ниво, кое вклучува ставови за нуклеарна енергија, јавното мислење за алтернативни извори на енергија, перцепција на долгорочни проблеми на животната средина и енергија, за целите на донесување одлуки за алтернативни извори на енергија.

Национално истражување за здравството, во кое се проценува здравствената состојба на популацијата, се идентификуваат мали здравствени проблеми и потреби, се утврдува употребата на здравствени услуги и задоволство на корисниците од истите, го проценува учеството и дистрибуцијата на здравствените индикатори. Од истото стигнува прецизен наод за полот, возраста, социо-економски и географски разлики, кога е во прашање здравствената состојба, изложеноста на факторите на ризик, користење здравствени услуги и ги истражува можните трендови кога е во прашање здравтсвената состојба на популацијата. Резултатите се користат за припрема на препораки за идните програми, но истите се применуваат како основа за развој на политики.

Квалитативно истражување за нова политика во врска со трошоците за градинка на вработените родители. Резултатите се користени за стекнување на наоди за потребата на родителите за информации за оваа политика, на кој начин би сакале да ги добијат овие информации, и што ги охрабрува да се регистрираат порано.