Нашите решенија

Откријте ги нашите решенија:

"Ipsos Connect" е специјализиран за мерење и проширување на сознанијата за тоа како брендовите, медиумите и луѓето се поврзуваат со впечатлива содржина, одлична комуникација и релевантно медиумско планирање. Со "Ipsos Connect", клиентите можат да создадат идеална кампања која ќе влијае на успехот на брендот низ продажбата, како и одлична содржина за привлекување на публика. На огласувачите и сопствениците на медиуми, "Ipsos Connect" може да им пружи и економска вредност. Нашите решенија ги сместуваат луѓето во срцето на стратегиите за медиуми и огласување.

"Ipsos Marketing" е специјализиран за истражувања кои се однесуваат на иновации, разбирање на пазарот и носење одлуки за купување. "Ipsos Marketing" им помага на клиентите да ја дефинираат својата маркетинг стратегија, да ги идентификуваат новите можности, да го разбираат однесувањето на купувачите, да развиваат брендови, услуги и производи и оптимална дистрибуција на трошоците за маркетинг.

Ipsos Loyalty е специјализиран за сите прашања поврзани со мерењето, управувањето и подобрување на односот со потрошувачите и ангажирање на вработените. Им помагаме на нашите клиенти да управуваат со својата понуда, да добијат најмногу, како од своите потрошувачи така и од своите вработени.

Секторот "Ipsos Public Affairs" е специјализиран за спроведување на истражувања на јавното мислење, истражувања за елитни интересни групи и компании и истражувања за медиумите. "Ipsos Public Affairs" претставува помош со која клиентите можат да ги решаваат своите проблеми или да ја унапредат својата репутација.

"Ipsos Observer" е специјализиран за водење на проекти, собирање на податоци и нивна испорака. Нашата цел е да бидеме лидери на пазарот кога е во прашање процесот на собирање податоци, затоа што посветено спроведуваме високо квалитетни истражувања по конкурентни цени во формат кој им овозможува на клиентите да донесат брзи и прецизни одлуки. За да успее ваквиот модел, користиме неколку пристапи: