Медиуми и брендови: Ipsos Connect
OUR SOLUTIONS

Тестирајте ги Вашата содржина и комуникација, како би ги подобриле и оптимизирале пред нивно лансирање

Денес постојат многу начини да се развијат и испорачаат различни идеи кои би ги привлекле луѓето, и би влијаеле на нивното размислување за своите брендови . Ipsos Connect нуди низа потврдени, пазарни решенија за развој, оптимизација и оценка на креативната содржина или кампања за успех на пазарот.

Клиенти

Прашањата на огласувачите стигнаа подалеку од “Дали оваа реклама ќe успее“ и “Дали е тоа поврзано со мојот бренд?“, и сега тие прашања звучат “Дали мојата стратешка кампања ќе успее на сите пазари“, и “Дали оваа комуникација ќе изгради емоционална врска со мојот бренд на долги патеки?“.

Но без оглед на таа промена, едно прашање останува константно: “Дали оваа креација ќе има позитивен ефект на мојот бренд,  и како можам да бидам сигурен/a дека  саканиот ефект ќе се оствари кога брендот ќе се лансира на пазарот?“.

Решенија

Со потврдени и успешни мерки, со длабока дијагностика, и можност за споредба со нашата обемна нормативна база од податоци,  ќе знаете дали Вашата комуникација ќе го изгради Вашиот бренд и ќе ја подобри шансата за успех пред лансирање на истиот. Тестирајте ја целата комуникација на различни медиуми и на различни платформи, без разлика дали се работи за видео содржина,  дисплеј или брендирана содржина, телевизија или мобилен телефон.

Студии од искуства

Произведувач на производи за широка потрошувачка направи наградна глобална кампања, медиумски наменета за различни контакт точки. Истата успеа да ги промовира сите свои клучни брендови, а истовремено да креира и јака врска со клучната целна група. Пред стартот на кампањата, истата беше валидирана користејќи "ASI: Connect".