Иновации и бренд стратегија: Ipsos Marketing
OUR SOLUTIONS

Тестирање на амбалажа

Со помош на децениското искуство со истражувања на амбалажи на производи, Ипсос им помага на клиентите да ја оптимизираат својата амбалажа за истата да го постигне својот целосен потенцијал, како клучна контакт точка, или врска со потрошувачите.

Клиенти

  • Како да ја одберам вистинската амбалажа?
  • Каква е мојата амбалажа во споредба со конкурентската?
  • Дали треба да ја променам амбалажата?

Решенија

Ипсос спроведува истражувања во раните фази од развојот на амбалажата. Овие истражувања ги поврзуваат потрошувачите со дизајнерите, со помош на тестови и валидација.  Во моментов сме насочени кон принципите создадени од навики, кои комбинираат токму податоци од продажниот потенцијал, со имплицитни и експлицитни сознанија. Тимовите кои работат на дизајнот ги користат овие информации за оптимизација на амбалажата.

  • Преглед: Ипсос нуди пристап до помош, со кој ќе ја разберете позицијата на Вашата амбалажа  во однос на конкуренцијата.
  • Скрининг: од брзиот скрининг на различни уреди  до сеопфатни методи за оптимизација во дизајнот, скринингот нуди решенија кои ги користат предностите на мобилните уреди, се со цел  брза испорака на информациите потрпрени на дизајнирани и докажани примери.
  • Валидација: во доцната фаза на одлуките со големи ризик, на потрошувачите им претставуваме виртуелни и вистински полици за да разбереме како промената на амбалажа влијае на продажбата. Користејќи ги најсовремените имплицитни мерења (време за одговор,  online следење на движењата на очите), и традиционални пристапи, одговараме на „зошто“ и на „што ако“.

Студии од искуства

Клиентите се навикнаа на нашите решенија за нивните нови или постоечки производи, затоа што амбалажата игра клучна улога во препознавање на брендот.