Иновации и бренд стратегија: Ipsos Marketing
OUR SOLUTIONS

Тестирање на производи

Како водечки светски советник за тестирање на производи, ние годишно тестираме повеќе од 7.000 производи и успешно лансираме 2.000 производи.

Клиенти

  • Кој е најдобриот „рецепт“ за формулација на мојот прототип?
  • Како да ја подобрам  формулацијата на мојот производ?
  • Како потрошувачите се однесуваат кон мојот производ  во реалниот свет?

Решенија

Ви помагаме да развиете нови производи, да ги подобрите постоечките, максимално да го продолжите векот на траење на производите и да ја зголемите профитабилноста. Ви нудиме пристап до најголемата светска база од податоци од тестирање производи, обуки и упатства од стручни статистичари , како и "Sensory Facility" и партнерства со универзитети за дескриптивни панели и "Senzorne" анализи.

Во фокусот ни е:

Интеграција на квалитативни и квантитативни истражувања

"Sense Suite" интегрира квалитативни и квантитативни истражувања со цел да го зајакне  развојот и позиционирањето на производот.  Вклучува "Product*Sense" за откривање  на сензорни искуства, "Sensory Stations" за проценка на компонентите на производот, "Rapid Prototyping" за интеративно оценување на прототип производи, "Sensory Lab" за скрининг на потрошувачите со целни групи на потрошувачи,  и "Censydiam*Sense" за откривање на емоциите кои се присутни во искуството во текот на користење на производот.

Тестирање со помош на мобилни уреди

Користиме истражувања на мобилни уреди за да ги проследиме моменталните  реакции, нивниот ефект низ времето, но и слики и видео материјали од  користење на производите – така точно знаете како потрошувачите реагираат на Вашите производи.

Невронаука: имплицитно време на реакција

Ние користиме имплицитно време на реакција "IRT" за да ги откриеме разликите помеѓу изјавите и вистинските чувства на потрошувачите. "IRT"може да забележи невидена сила на асоцијации кои ги поседуваат потрошувачите, за производите и нивните бенефити – така ќе разберете што точно потрошувачите мислат за Вашите производи.

Истражувања дизајнирани на емоции

Ги поврзуваме емоционалните и функционални карактеристики за да ги насочиме истражувањата, развојот, маркетингот,  но и да го насочиме откривањето на емоционални потреби кои постојат во рамките на категоријата на производот.

Студии од искуства

Лансирајте нов производ: наш клиент кој се занимава со производство на храна сакаше да влезе на нов пазар со својот мармалад. Главната цел беше натпреварувањето со локалниот пазарен лидер и превземање на пазарниот удел. Алатката "Product Sense" ни помогна да идентификуваме два клучни елемнти од задоволството кон мармаладот. Резултатите го насочија секторот за истражувања и развој кон специфични прототип производи.

"Mobile" за подобрување на производи: клиент во Велика Британија сакаше да ја спореди својата паста за заби со конкурентскиот производ. На испитаниците им дадовме забни пасти и тие спроведоа Online и истражување на своите мобилни уреди. Таквиот пристап ни овозможи брзи повратни информации: ¾ од анкетите се направени само неколку минути по процесот на миење заби. Истражувањето со помош на мобилни уреди исто така го откри и омилениот вкус , а кој беше пропуштен со Online истражувањата.

Невронаука за разбирање на двигателот на задоволства: наш клиент кој се занимава со производство на шампони за коса, сакаше да го разбере ефектот на мирисот на шампонот на перцепција на производот. Спроведовме тест за мирисот со помош на имплицитни временски реакции и откривме дека нема разлика во восхитеноста од мирисот на свесно ниво – но несвесно, мирисот А беше омилен.

Дефинирање на емоционалните потреби: мирисот на детергентот на нашиот клиент требаше да биде преформулиран. Потрошувачите истакнаа емоции кои им се важно поврзани со детергентот. Само еден од тестираните мириси ги стартираше истакнатите емоции на потрошувачите, и затоа победи. Ги поврзавме емоциите со функционалните бенефити за да му помогнеме на клиентот да ги обликува своите реклами.