Бизнис консалтинг
Зошто?
Нашиот процес вклучува област како што е деловна стратегија, раст на бруто продажбата или приходот, нето профитот, како и диференцијација.
Нашите решенија вклучуваат:
- Стратешко деловни единици ("Business Unit Strategy");
- Увид во активностите на конкурентите ("Competitive Insight");
- "Go-to-Market" (акционен план кој одредува како една кампања ќе дојде до купувачот и ќе постигне конкурентна предност);
- Истражувања за иновации;
- Продажба и маркетинг.
Ние исто така го нудиме нашето стручно познавање за секторите:
- Земјоделско производство;
- Автомобилска индустрија;
- Градежништво;
- Енергетика;
- Здравство;
- Индустриско производство;
- Останато.
Како?
Во суштина, нашиот пристап е огледало на едноставноста, имајќи во предвид дека секогаш цврсто стоиме на нашите одлуки поддржани со податоци , било да и се допаѓаат на Вашата компанија или не. Пристапуваме до правите информации за да го анализираме Вашиот пазар, како податоците би биле релевантни и применливи за Вашето деловно работење. Од нас ќе добиете практични совети подкрепени со резултати, како би допринеле за растот на Вашата компанија.
Зошто нашето решение е единствено?
Со повеќе од 19 години искуство во обезбедување подршка на домашните и странски клиенти за нивните планови, за влез и ширење на пазари во развој, како и во развиените пазари, решението на Ипсос "Go-to-Market" е дизајнирано од нашето искуство со повеќе од 3.000 проекти, но и од страна на нашиот технички тим кој и понатаму не прави лидери во областа на истражувањата на пазарната интелигенција.
Прочитајте повеќе на "Business Consulting".