Правни напомени

Прифаќање на условите за користење

Употребата на веб порталот www.ipsos.com е  предмет на услови за користење, кои претставуваат правен договор помеѓу Вас и "Ipsos SA" ("Ипсос"), но и неговите филијали / канцеларии.

Користејќи го овој веб портал, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле со условите за користење. Ако не се согласувате со условите, немојте да го користите овој веб портал. 

Можно е, од време на време, да ги менуваме условите за користење на овој веб портал, но ако го сториме тоа, промените ќе ги објавиме на нашиот портал.  Ваша задача е периодично да го проверувате нашиот портал, како би биле информирани околу сите промени, околу условите за користење.  

Датумот на врвот на порталот ги покажува последно направените промени. Извршените промени во условите за користење стапуваат на сила по третиот ден, кога истите ќе ги објавиме на нашиот портал, воедно од тoј датум, ќе го регулираме односот посетител-портал. Доколку не се согласувате со промените во условите за корситење на овој портал, немате право да го користите истиот по датумот по кој, овие промени стапуваат на сила.

Компаниите членки на групацијата, имаат свои правни регулативи по кои работат и функционираат, но на овој портал, термините:  Ипсос, групација, ние/нас,  понекогаш се употребуваат именувајќи ја целата Ипсос групација, или во случаи кога нема потреба да се препознае одредена филијала/канцеларија од групацијата.

 

Дозвола за користење податоци

Анкетите/податоците кои се појавуваат на овој портал се во јавна сопственост и може да се користат во целост, или делумно, се додека не прават штета на деловнот работење на Ипсос.

Организациите кои ги користат податоците од нашиот портал, секогаш кога е можно и соодветно, треба да го забележат датумот на издавање, спонзорот  на анкетата, методологијата , но и линкот до веб порталот на Ипсос, каде може да ги  добијат податоците.

Ипсос не е одговорен за употреба или интерпретација на податоците од  трети страни, но сепак, доколку дојде до таква употреба и толкувањата се сметаат за  несоодветни, навредливи, погрешно презентирани или репродуцирани, Ипсос може да превземе соодветни правни мерки и/или да превземе чекори и јавно да ги поправи грешно прзентиранте податоци.

 

Надворешни портали и линкови

Веб порталот може да содржи линкови до други веб портали, кои се во сопственост или користени од трети лица. Ипсос не е одговорен за овие  веб портали, вклучувајќи ја и нивната достапност како и нивните политики за приватност.

Треба да го контактирате администарторот на веб порталот, за оние портали кои преку линк се поврзуваат со веб порталот на Ипсос.

Ипсос дозволува да се прикачуваат линкови од други веб портали на својата почетна страна, но само со известување и дозвола од Ипсос. Ипсос го задржува правото да повлече, еднострано, било каква согласност дека може во било кое време да даде било каква поврзаност, вклучувајќи врски со почетната страница на порталот.

Надворешните веб портали се само погодност за посетителите. Секоја врска или содржина која е споделена од надворешни веб портали не секогаш значи одобрување од страна на Ипсос.

 

Авторски права и трговска марка

Сите содржини на веб порталот на Ипсос: дизајн, текст, графика, слики, логоа, копчиња, икони со линк, интерфејси, аудио и видео содржини, како и изборот и аранжманите на истите се во сопственост на Ипсос, или нејзините провајдери на содржини и истите  се заштитени со француски и меѓународни закони за авторски права. Целиот софтвер кој се користи на порталот е во сопственост на Ипсос, или неговите добавувачи на софтвер и таквиот  софтвер е заштитен со француски и меѓународни закони за авторски права и други важечки закони и договори. Корисниците на овој  веб портал немаат право  да испраќаат, или објавуваат, никакви информации на овој веб портал,  кои пак ги нарушува ат авторските права, или правата на интелектуална сопственост.

Не смеете да користите, превземате, да поставувате, копирате, печатите, прикажувате, изведувате, репродуцирате, објавувате, лиценцирате, пренесувате или дистрибуирате било какви информации од некој од нашите веб портали во целост, или делумно без претходно писмена  дозвола од Ипсос.

Сите трговски марки, сервисни ознаки и трговски имиња користени на веб порталот  се единствено во сопственост на Ипсос. Ознаките не смеат да се користат во врска со било кој производ или услуга што не е производ или услуга на Ипсос.

Право на  одрекување и ограничување на одговорноста

Додека Ипсос се обидува да ги чува информациите, материјалите и процесите на овој  веб портал како тековни, целосни и точни,  не го претставуваме ниту даваме гаранции поврзани со оваа веб-страница или информациите, софтверот, функциите, процесите и останатите содржини на оваа веб-страница. Ипсос не гарантира дека пристапот до овој веб портал ќе биде непрекинат,  без грешки или без вируси/штетен код.

Документите, информациите и графиките објавени на овој веб портал може да вклучуваат технички грешки.  Ипсос нема одговорност за грешките и пропустите кои  се содржани на овој веб портал. Тука информацијата може да се промени, одстрани или да се ажурира во било кое време, без претходна најава. Сите материјали и информации објавени на овој веб портал  се наменети  само за информативни цели. Секоја достапна и превземена содржина, или на друг начин добиена, преку користење на порталот, се користи по Ваш сопствен  избор и ризик. Ипсос нема никаква одговорност за оштетување на вашиот компјутерски систем или за губење на податоци што произлегуваат од преземањето или користењето на содржината.

Оваа информација се доставува до Вас под услов, Вие или третото лице кое ја користи истата, да направи свое определување за нејзината соодветност пред да се користи за било која намена.

До максималниот степен дозволен со закон, Ипсос ги отфрла сите претстави и гаранции, изразени или имплицирани, во однос на информациите, услугите, производите, софтвер и материјали, вклучувајќи, но не ограничувајќи на, гаранции за продажба, способност за одредена намена, наслов, ненасилство, слобода од компјутерски  вирус или друг штетен код и имплицирани од текот на работењето, користењето, потпирањето или трговската практика.

Ипсос не е одговорен за било какви штети, директни или индиректни/посебни, казнени, случајни или последователни штети или штети од било каков вид.  Во никој случај Ипсос, неговите вработени или службеници немаат никакви обврски кон Вас, или кон било кое друго лице за губење на добивката, за губење на работното место, или за случајни, специјални или консеквентни штети, без разлика  дали  соработката е врз основа на договор или било која  друга теорија или форма на дејствување, дури и ако ние или нашите вработени се советувани за можноста за таква штета, било во постапка според договор, небрежност или било која друга теорија, која произлегува од , или во врска со употребата, или неможноста да ги користат информациите, услугите, производите, софтверот и материјалите кои се достапни на овој веб портал.

Не може да се покрене никакво правно дејствие или постапка против Ипсос,  или неговите канцеларии во однос на какво било побарување или спор што произлегува од користењето или потпирањето на овој веб портал или какви било информации за него.

Ипсос категорично одбива било какво толкување кое има тенденција да ја асимилира содржината на овој веб портал, или било која од нејзините веб страни на филијалите/канцелариите  на Ипсос, со понуди за купување или поттикнување за купување на акции или други  хартии од вредност, на Ипсос или било кој од неговите директни, или компании од индиректни подружници.

Вие исто така признавате и се согласувате дека работата на веб порталот зависи од правилното и ефективно функционирање на локацијата и другите трети лица,  опремата  и услугите и дека ние не гарантираме и нема да бидеме одговорни за било која од овие пречки.

 

Обештетување

Вие се согласувате да го обештетите Ипсос, неговите службеници, директори, вработени од, и против сите побарувања, обврски, штети, загуби или трошоци, вклучувајќи ги и разумните адвокатски такси, но и трошоци кои се должат или произлегуваат од Вашата повреда на условите за користење, но и повреда на правата на интелектуална сопственост.

 

Колекција од информации

Додека пребарувате/сурфате низ нашиот веб портал, некои од Вашите кориснички информации можат активно да се собираат (име, адреса за електронска пошта) или пасивно (оние кои ненамерно, но активно сте ги обезбедиле), како што се типот на Вашиот пребарувач, името на Вашиот Domain, IP адреса и должината на Вашата корисничка сесија, користејќи разни технологии и средства, како што се aдреси за интернет протокол, cookies, интернет-ознаки и собирање навигациски податоци со единствена цел, а тоа е подобрување на веб порталот.

Собраните информации не се споделуваат со трети лица,  за рекламирање или за други цели, освен со вработените во Ипсос, кои работат на подобрување на веб порталот на Ипсос.

Преносот до, и од овој веб портал може да не биде безбеден  и затоа може да биде прочитан или пресретнат од трети лица. Во согласност со законот од 6 јануари 1978 година во врска со информатичката слобода, имате право да пристапите, измените, да ги поправите или избришете личните податоци. За да го искористите ова право, контактирајте не на [email protected].

 

Предупредувачки фактори кои можат да влијаат врз идните резултати

Документите на овој веб портал може да содржат прогресивни изјави во врска со финансиската состојба, резултатите од работењето, бизнисот, стратегијата и плановите на групацијата Ипсос.

Особено, изјавите со зборовите "очекува", "предвидува" и слични изрази и изјави во врска со целите и целите на управувањето, очекуваните или целните резултати или трендовите во резултатите.

Таквите изјави се засноваат на бројни претпоставки кои може да се докажат како неточни или подложат на голем број фактори на ризик, вклучувајќи ги промените во регулативата или технологијата, валутните флуктуации и флуктуациите на каматните стапки и општите економски и деловни услови.

Нашиот годишен извештај и други документи поднесени до финансиерите на авторитетот на маркетите содржат дополнителни детали во врска со таквите претпоставки и ризици.

 

"On Line" однесување

Секое однесување од страна на лицето кое го ограничува, или спречува било кое  друго лице да го користи веб порталот на Ипсос  е забрането. Вие се согласувате, да го користите веб порталот само во согласност со законските цели и услови за користење. Се согласувате, дека нема да објавувате или пренесувате било какви незаконски, штетни, заканувачки, навредливи, вознемирувачки, клевети, вулгарни, непристојни, сексуално експлицитни, профани, омраза, расно, етнички или на друг начин непристојни информации, кои го поттикнува однесувањето кое пак  претставува кривично дело, предизвикува граѓанска одговорност или на друг начин прекршува било кое применливо локално, државно, национално или меѓународно право.

Престанок на употреба

Ипсос може да го прекине и суспендира пристапот од Вас, до нашиот портал, без претходна најава, за било какво однесување кое  Ипсос смета дека е во спротивност со кој било применлив закон, или во спротивност со условите за користење, или пак  е штетен за интересите на друг корисник, трети лица, трговец, спонзор,организација...

Откажување и разбирливост

Неуспехот на Ипсос  да ги применува или да ги спроведува сите права, обврски или одредби во условите за користење,  не претставува откажување од таквото право или одредба во иднина. Ако било кој дел или одредба од овие услови за користење се смета за неспроведлив, истиот може да се менува, за да се направат условите за користење модифицирани, законски и извршни.

Регулирање на законските надлежности

Условите за користење и сите спорови, или барања кои произлегуваат од ,или,  во врска со овие услови за користење, се предмет на Француското право и судовите во Париз, Франција.

Како да не контактирате

Доколку имате било какви коментари или прашања во врска со нашите услови за користење, Ве молиме да не контактирате на, или пишете на: [email protected].

Ipsos

Société Anonyme (French public limited company) with a Board of Directors
Share capital: 11 334 058,75 euros
The company is listed on the Paris Trade and Companies Register under the following number 304 555 634 RCS Paris (Code APE 7010 Z – Holding company activities)

35 rue du Val de Marne

75013 Paris
France
(+33) 1 41 98 90 00
 

Responsible Publisher:

Ipsos
35 rue du Val de Marne
75013 Paris
France

Web Hosting

Acquia
53 State Street
Boston MA 02109
USA

Tel: (+1) 888-922-7842