Можности кои Ви се достапни во Ипсос

Придружете се кон нашиот тим и станете дел од иновативната, интернационална и водечка групација за истражувања на пазарот. Откријте ја групацијата соединета од силни вредности кои ги споделуваат нејзините членови. Имате повеќе можности за развој на Вашата кариера, со помош на различни кариерни патишта, обуки, но и интернационални можности.

  • Сакате да работите на сите јазици?
  • Сакате да бидете дел од дигиталната трансформација на клиентот?
  • Сакате да изградите кариера преку работење во амбициозен тим?

Ipsos Career Platform

Работни места | Обуки и развој
Ние сме горди што сме Ипсос | Мобилност
Панелисти | Анкетари | Тајни купувачи

Careers

Ние сме горди што сме Ипсос

5 вредности кои ги обединуваатIpsos-Proud-to-be-all-languages 18,000 вработени во Ипсос

  • Интегритет;
  • Љубопитност;
  • Соработка;
  • Клиентите имаат предност;
  • Претприемачки дух.

Ние сме горди што сме Ипсос затоа што го почитуваме нашето наследство!


Мобилност

Ipsos-mobilityКонстантно ќе бидете охрабрени да напредувате на Вашата позиција, како би го максимализирале својот потенцијал работејќи активно на професионални и корпоративни цели. Секогаш кога ќе биде можно, ќе бидете одвнатре подржани со помош на внатрешни трансфери и специјализации во деловните единици на Ипсос. Ќе имате можност да создадете огромен круг на знаење, а во исто време лесно да ги искачувате скалилата кон врвот на Вашата кариера.


Панелисти

Ipsos-become-a-panelist

  • Црвена или плава, која боја „ќе помине“?
  • Плишана играчка, колку вреди?
  • Како сметате дека може да се подобри Вашата локална заедница?
  • Нов производ, дали е подобар од постоечкиот?
  • Рекламен оглас, што мислите, како треба да изгледа истиот?
  • Околу политиката, кое е Вашето мислење?

Кои се предностите ако се приклучите кон панелот на Ипсос

Станувајќи член на панелот на Ипсос, ќе имате можност да го кажете Вашето мислење и истото да биде слушнато, да критикувате, но и да давате предлози пополнувајќи анкети и тестирајќи продукти. Ќе имате можност да делувате на одлуки кои понекогаш Ве загрижуваат, како и да ги обликувате услугите и продуктите кои секојдневно ги користите.

Како можете да станете член на нашиот панел?

Многу лесно! Доколку сте заинтересирани да го кажете Вашето мислење и да направите разлика, едноставно контактирајте не сега!

Откријте ja новата платформа Ipsos Online Panel Macedonia


Анкетари

Become an interviewer

Доколку поседувате самодоверба и сакате да запознаете нови луѓе, придружете се во нашиот панел од анкетари за истражувања на пазарот. Како анкетар, ќе спроведувате анкети во име на многу клиенти, вклучувајќи ги локалните и централните власти, медиуми, големи компании и организации. Голем број од овие истражувања вклучуваат анкетирање на луѓе лице во лице, на улица или во нивните домови.

СОРАБОТНИК ЗА СОБИРАЊЕ ПОДАТОЦИ НА ТЕЛЕФОН – АНКЕТАР (РАБОТА ОД ДОМА)

СОРАБОТНИК ЗА РАБОТА НА ТЕРЕН - АНКЕТАР

Контактирајте не


Тајни купувачи

Ipsos Mystery Shopper

Сите наши тајни купувања се извршени од потрошувачи  кои ги поминале сите акредитации на Ипсос за тајни купувања и кои се квалификувани и подготвени да ја завршат зададената задача и да се исправат пред секој нов предизвик.

Придружете ни се:  I-view platform