Мобилни истражувања со помош на мобилни уреди
Во текот на изминатите години, сведоци сме на голема распространетост на мобилните уреди ширум светот. Не само што бројот на корисници расте, а и уредите се користат се повеќе за низа секојдневни активнсоти , било да е тоа гледање видео снимка, купување или пребарување на интернет. Пристапот на интернет преку мобилни уреди стана пораспространет од фиксните уреди, како кај развиените, така и кај пазарите во развој. Интеракцијата на потрошувачите со брендовите е поголема од кога и да е, фрагментирана и стратифицирана. Потрошувачите се зафатени и често прават повеќе работи одеднаш. Од таа причина доаѓа и до отсуство од многу планирани контакти со брендовите, а потоа, побрзо и од очекуваното, се намалува релевантното потсетување.