Insight Cloud

"Insight Cloud" е платформа која негува заклучоци од повеќе извори, и открива како истите се поврзани, социјализирани и активирани.

Зошто?

"Insight Cloud" се наоѓа во центарот на Вашите планови за истражување, но и во центарот на процесот за активација на увидот, кој пак би Ви помиогнал да го извлечете најдоброто од истражувањата  и би Ви овозможил:

  • Брзо носење одлуки и брзи иницијативи на пазарот;
  • Преглед на знаењето преку призмата на деловни прашања;
  • Да изградите култура на учење и да ги поврзете професионалците да размислуваат заедно и подобро;
  • Да разберете што се случува во останатите делови од компанијата, како би избегнале повторување на проектот;
  • Да заштедите време и ресурси со помош на брзиот пристап до најважните информации.

Како?

Најпрво, ние смислуваме, организираме и ги обучуваме корисниците да го користат Вашиот прилагоден "Insight Cloud". Потоа, Ипсос се однесува како Ваш водич, и ја извлекува сржта од Вашите квалитативни, квантитативни, социјални и секундарни истражувања, и истите ги претвара во смислени мултимедијални согледувања. Согледувањата од различни проекти се поврзуваат и сместуваат во контекст, а потоа се комбинираат со податоците од клучните интересни групи. Сите овие информации се интегрираат и активираат со помош на нашите работилници и искуство.

"Insight Cloud" може да биде самостојна платформа, или може да се користи преку системот за управување со знаењето.

Зошто нашето решение е единствено?

Денес постојат повеќе информации од кога и да било,  но и се поголема потреба да се тргне понатаму од едноставните информации-до инспирација.

 

 "Insight Cloud" инспирира и обезбедува согледувања за животот со помош на единствената услуга на Ипсос - лидерството. Лидерството користи технологија и што е најважно вистински луѓе, како би ги направила информациите смислени, но и да изгради заеднички екосистем на согледување. Овозможува клиентите и нивните партнерски агенции, заедно да го активираат согледувањето и да ја поттикнат креативноста, иновациите, и победничките идеи внатре во компанијата.