Ипсос Online панел клуб

Ве покануваме да станете член на Online панел клубот на Ипсос. Како наши членови, ќе имате можност да учествувате во нашите Online истражувања, и да го споделувате Вашето мислење за различни производи и услуги.

Нека се слушне Вашето мислење

  • Споделувајте мислење за различни производи и услуги кои ги користите
  • Споделувајте мислење за различни општествени прашања
  • Освојте поени и добијте подарок како награда за споделеното мислење

Услови за членство во Online клубот на Ипсос

  1. Член на Online клубот на Ипсос (во понатамошниот текст "клуб") станувате со еднократна регистрација на веб порталот https://ipsosanketa.com/#!/MK/MK/home;
  2. Членството во клубот е бесплатно;
  3. Секој член може да има само една корисничка сметка. Само еден член од домаќинството може да биде член на клубот. Доколку за одредено истражување потребно е учество на друг член од домаќинството, истиот ќе биде повикан за учество преку корисничката сметка на носителот/членот на клубот;
  4. Членовите на клубот, за учество во одредено истражување се известуваат по пат на електронска пошта (e-mail), и за секој пополнет прашалник добиваат поени на својата сметка од клубот. Бројот на поени за одредено истражување е секогаш различен, и се движи од 5 до 20 поени, во зависност од должината на прашалникот;
  5. Освен за пополнет прашалник, членовите на клубот добиваат 1 поен за регистрација, но и по 1 поен за секој нов член кој на нивна покана ќе се регистрира во клубот. На овој начин членот може да освои максимални 15 поени;
  6. Откако бројот на поени достигне 80, членот кој ги собрал поените има право да ги замени за одреден подарок.
  7. Членовите од клубот не се обврзани да го споделуваат своето мислење, и секој член сам одлучува дали ќе учествува во одредено Online истражување на клубот на Ипсос.
  8. За сите информации околу Online клубот на Ипсос, клубот ги известува своите членови со помош на електронска пошта (e-mail).

Систем за бодување

Во продолжение можете да го проследите табеларниот приказ во кој се наведени поените кои ги добивате со учество во online истражувањата на клубот на Ипсос:

Бодување Број на поени
Пополнување на прашалник за регистрација
5
Пополнување на воведен прашалник
10
По Ваша препорака, пријава на пријател за членство во клубот *
5
Анкетен прашалник во времетраење до 10 минути
10
Анкетен прашалник во времетраење од 11 до 15 минути
15
Анкетен прашалник во времетраење од 16 до 20 минути
20
Анкетен прашалник во времетраење од 21 до 25 минути
25
Анкетен прашалник во времетраење повеќе од 25 минути
30

Кога ќе соберете минимум 100 поени имате право да побарате вредносен ваучер во вредност до 500 денари.

Својот вредносен ваучер можете да го побарате на електронската адреса (e-mail) [email protected] со испраќање на Ваши податоци кои ни се потребни за достава на истиот: име и презиме, адреса и поштенски број, датум на раѓање или некој друг доверлив податок од Вашиот документ за идентификација.

Во рок од 10 работни дена, online клубот на Ипсос на Вашата адреса ќе го испрати бараниот вредносен ваучер. Ваучерот се испраќа преку пошта и мора да го примите лично.

Поените кои нема да ги искористите можете да ги надополните со собирање на нови поени.

* На овoј начин, доколку поканите Ваш пријател да се зачлени, можете да соберете максимално 15 поени. Останатите поени можете да ги соберете доколку учествувате во нашите истражувања.