Media Cell

"Media Cell" е разновидно решение од низа потенцијални апликации.

Зошто?

"Media Cell" овозможува пасивно мерење на публиката и медиумите по прифатлива цена.

Нашите решенија разгледуваат утврдените деловни модели, нудејќи  поголем простор за подобра вредност, оспособувајќи ги клиентите да ги разберат своите потрошувачи, дали во смисла на следење на различни медиуми или на изложенсот на рекламни објави.

 

Како?

Сршта на "Media Cell" е важноста за градење решенија околу луѓето кои сакаме да ги согледаме. На крајот,  мерењето на гледаноста е и мерење на луѓето.  Нашите решенија секогаш го имаат ова на ум и на испитаниците и панелистите им овозможуваат наједноставно и  најинтересно искуство, и како резултат на истото, се добиваат најдобрите мерења.

"Media Cell" е софтверска технологија со помош на која можеме да ја мериме изложеноста на корисниците,  било тоа да е радио, телевизија, кино или било кој друг медиум кој вклучува аудио елементи.  Па така, можеме да го измериме обемот на публиката кога се во прашање медиумските канали,  емисии и рекламни кампањи.  Исто така,  може да го измериме и "Cross-Media" однесувањето.

Тоа е апликација за пасивна технологија која се вклопува во уредите кои корисниците ги користат секојдневно, како што се смарт телефони, таблети, преносни компјутери...  претварајќи ги истите во моќни мерни инструменти.  Овој пристап  ги сместува луѓето, нашите панелисти,  во центарот на нашето решение , препознавајќи ја важноста од користење на мерните инструменти кои  се веќе дел од животот на корисниците.

Користиме софтвер кој овозможува електронското мерење да биде достапно за корисниците.

 

Зошто нашето решение е единствено?

  • "Personal Meters": инсталиран на смарт телефони, било од страна на испитаниците или Ипсос,  "Media Cell" овозможува следење на сите аудио содржини (телевизија, радио, кино...) на кои се изложени испитаниците.  Може да се справи со следење на медиумите на различни канали или следење на рекламни кампањи ("Media Cell" за огласувачи). Се што испитаниците треба да направат е да го носат уредот со себе и секогаш истиот да биде наполнет.
  • "People Meters": моќниот софтвер "TV People Meter" кој нуди прифатлива алтернатива за традиционалното мерење, користејќи секојдневнодневно-потрошувачки уреди  во куќни услови, во дневната соба во домаќинството.  Апликацијата се инсталира на таблет и се интегрира со слушалката  и истата претставува врска со гледачот. По испраќањето до домаќинствата кои се дел од панелот,  уредот може да се инсталира за неколку минути, што во голема мера влијае на лесното и едноставно учество во панелот.  Главната предност на "People Meter" е користење на екранот на таблетот кој претставува интерфејс, едноставен за употреба, што пак допринесува за едноставна интеракција и ја подобрува точноста на мерењето;
  • "Set Meters": инсталиран на смарт телефони, "Media Cell" е и "Set Meter". Така добиваме информации за она кое се гледа,  но се користат и напредно моделирани техники за гледачот. Се она кое  треба да направат панелистите  е да го уклучат "Set Meter" во струја  и да го постават во близина на телевизорот – и да заборават на него.  На тој начин, податоците сами доаѓаат од домаќинството кое е во панелот , и панелистите нема потреба да прават било какви активности.

Можностите се многу. Сржта на дизајнот е потсетување  дека го мериме она кое луѓето го прават, но и дека ги градиме нашите решенија во согласност со луѓето. Пристапноста на ова решение, пасивноста и прилагодливоста  укажуваат дека оваа алатка може да се вклопи во многу истражувања или други комерцијални решенија.