Превземање одговорност

Пристапот на Ипсос кон корпоративната социјална одговорност секогаш содржел три клучни елементи – социјален, друштвен и животна средина.

Оваа информација ни дава заклучок за мерењето на нашите перформанси низ светот, но ни дава и основа да станеме подобри.

Социјално одговорно работење – Дефиниција на Ипсос каде и да работи | Фондација Ипсос
Политичка средина | Волонтирање на нашите вработени

Социјално одговорно работење – Дефиниција на Ипсос каде и да работи

Ipsos_logo-united-nations-global-compact

Ипсос е првата компанија за истражување во светот која го потпиша договорот на ОН (UN Global Compact) за глобално влијание.

Од 2008, групацијата го потпиша договорот на ОН ("UN Global Compact") за глобално влијание, за почитување на 10 универзални принципи поврзани со човековите права, трудот, животната средина и борбата против корупцијата. Алатките за социјалното одговорно работење ги вклучува и : „Зелената книга“, Професионалниот Код на однесување на Ипсос, како и “Книгата на правила и процедури”, дополнета со процедура за предупредување("Whistle-blowing procedure").

Програмата е креирана во 2008, со три главни принципи:

  • Придржување на 10те принципи на ОН ("UN Global Compact") за глобално влијание;
  • Намалување на негативното влијание врз животната средина;
  • Зголемување на социјалното дејствување со создавањето на Фондацијата  Ипсос,  за школување на загрозените групи на деца и млади ширум светот.

Ipsos-Green-Book

Професионален Код на однесување на Ипсос

Симнете ја Зелената Книга на Ипсос


Фондација Ипсос

Ipsos-taking-responsibility-foundation

Ипсос е посветена на овозможување на образование преку нејзината фондација. Во 2014, групацијата ја лансираше Фондацијата Ипсос за да изврши  позитивно социјално влијание преку вложување на половина милион евра. Нејзина мисија е спроведување на образовни програми за загрозените групи на деца и млади ширум светот.

Ипсос Фондацијата во моментов поддржува 10 непрофитни организации посветени на реновирање на училишта, помагање на социјално загрозени групи на деца и семејства, лица со здравствени проблеми итн.


Политичка средина

Ipsos-tatking-responsibility-political-environment

Како интернационална компанија, Ипсос во својата стратегија за раст секогаш се грижи за тоа како нејзините деловни активности ќе влијаат на животната средина.

Ипсос во многу земји воспостави политика за животна средина со цел да ја подигне свеста на своите тимови за намалувањето на одпадот од работењето, заштедата не енергија и намалувањето на јаглеродот.

CSR 2016


Волонтирање на нашите вработени

Ipsos-taking-responsibility-employee-volunteering

Со фокус насочен кон заштита на животната средина како и на придонесувањето кон локалната заедница, ние имаме широк комитет за волонтирање во сите наши поголеми градови (составен од вработени) кој што раководи со локалните акции и ги комуницира нашите активности како внатрешно така и надворешно.

Акции со социјална одговорност во светот: 51 од нашите земји, активираа хуманитарни акции во 2015 година.

*Извор: “Превземање одговорност”, годишно онлајн истражување на менаџерите од 73 земји, односно 92%  од Ипсос групацијата.
037.1-RCA-Kenya princess-reema-launches-historic-breast-cancer-awareness-campaign-for-saudi-women

Од 2008, Ипсос во Кенија ги подржува клубовите за истражување во Африка (КИА) со цел да им ги приближи истражувачките опции на учениците во основните училишта.

Ипсос во Саудоска Арабија ја поддржува кампањата за превенција и третирање на ракот на дојка, започната од Кралското семејство.