Ревизија на потрошувачи и малопродажба

Нашите услуги за ревизија на потрошувачите и малопродажбата се двострани, и вклучуваат синдикализирани панели од потрошувачи и малопродавачи.

Зошто?

Ипсос обезбедува иновативни решенија за поголема ефикасност на маркетингот и продажбата:

Консултантски услуги за мерење на малопродажбата

Услугите за мерење на малопродажбата подразбираат  ревизија во врска со достапноста на производот, позиционирање, проверката на квалитет, но и усогласеност со стандардите за малопродажба како што се "pop" материјали, промоции, изложени производи и др.

 

"Census" студии и панели за малопродажба

Ипсос применува нов пристап  со помош  на панелите за малопродажба  во земјите во развој каде повеќето продавници се традиционални,  и зависат од потребата на купувачите, но и карактеристиките на категориите.

Панели за домаќинства и интегрирани панели

Ипсос воведува нов пристап во методологијата за панели за домаќинства кој вклучува користење на производи надвор од домаќинството, кое пак ни дава заклучок  за категоријата чија потрошувачка е надвор од домаќинствата-напитоци, слатки производи и тутун.

Следење на потрошувачката надвор од домаќинството

Собирање на податоци на местото на продажба, овозможува стекнување на единствен заклучок и нуди комплетна слика за целиот пазар.

Како?

Користејќи го искуството од водечките проекти за мерење на пазарот на светско ниво, Ипсос обезбедува:

  • "RFQ management";
  • Одредување на цена;
  • Технички и оперативни системи и поставка на терен;
  • Следење на терен и квалитетно водење на проекти;
  • Обработка  на податоци и испраќање на извештаи преку "Online" портал;

Зошто нашето решение е единствено?

Ипсос има големо искуство во мерење на пазарот, почнувајќи во Турција, и трае многу години, работејќи на различни студии со панели. Ова искуство, комбинирано со други типови на истражувања и анализи, се прошири во сите земји во светот каде работи Ипсос.