Повеќето потрошувачи се заинтригирани за идејата од само-управувачки автомобили

Испитаниците најмногу сакаат да видат како само-управувачките автомобили би го направиле возењето луксузно и конфортно.

Испитаниците забележаа многу намени за само-управувачки автомобили  околу секојдневните активности околу возењето автомобил

 

Како што компаниите за технологија продолжуваат да развиваат само-управувачки автомобили, Ипсос , со помош на Ipsos Global @dvisor, ја заврши студијата за јавна перцепција за новата технологија во автомобилската индустрија. Во целост, светот изгледа љубопитно, но воедно и e колеблив за идејата за само-управувачки автомобили. 58% од испитаниците од глобалното истражување, на прашалникот одговориja дека се несигурни, но заинтригирани од идејата за само-управувачки автомобили.

Споредбено, само 13% од испитаниците се изјасниja дека нема никогаш да ги користат додека пак 30% од испитаниците се возбудени околу користењето на овие автомобили. Индијците (49%), Малезијците (48%), и Кинезите со (46%) испитаници, беа најмногу расположени да одговорат дека се возбудени за користење на само-управувачките автомобили. Во меѓувреме, Германците (31%), Французите (25%), Американците (24%), Англичаните (24%) и Канаѓаните (24%), беа најмногу расположени да се изјаснат дека никогаш не би ги користеле само-управувачките автомобили.

Испитаниците забележаа многу намени за само-управувачки автомобили околу секојдневните активности во возењето автомобил. Кога ги прашавме колку често би ги користеле карактеристиките на само-управувачки автомобили за различни активности во возењето, најголем процент од испитаниците (58%) одговорија дека би го користеле паркирањето, патувањето (53%), и исто толку испитаници (53%) одговорија  дека би го користеле возењето на автопат.

Во моменти кога следуваат ситуации во возењето кои имаат потреба од човечка реакција, испитаниците одговорија дека карактеристиките за возење би ги користеле многу поретко. Помал процент на испитаници одговорија дека карактеристиките за возење би ги користеле за возење на лошо време (40%) или за возење на непристапен терен (43%). Најголемите бенефити од самоуправувачките автомобили е перцепцијата на испитаниците дека овој тип автомобили, возењето го прават удобно и луксузно. Испитаниците (69%) се согласија дека само-управувачките автомобили, возењето би го наоправиле по-лесно, (68%) веруваат дека возењето би било по-удобно додека (64%) испитаници одговорија дека возењето би било по-релаксирано.

 

Регулација на само-управувачките автомобили

 

Како нова технологија која сеуште не е регулирана, голем дел од комуникацијата во истражувањето беше околу регулативите за оваа технологија. Кога прашавме различни групи испитаници, во кого веруваат да ја спроведе оваа регулатива, (43%) од испитаниците одговорија дека најмногу доверба имаат во компаниите за производство на автомобили, додека пак доверба во владите за спроведување на оваа регулатива, имаат (28%) испитаници.

 

Овие наоди се базирани од истражувањето за потрошувачи од 28 земји. Беше користена Global @dvisor Online платформата за истражувања на Ипсос. Истражувањето беше спроведено од 27 Ноември до 8 Декември, 2017. За ова истражување, Ипсос интервјуираше 21,500+ испитаници, на возраст од 18 до 64 години во САД и Канада, и испитаници во останатите 26 земји на возраст од 16 до 64 години. Примерокот се состои од по 1000+ испитаници во следните земји: Австралија, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Јужна Африка, Шпанија, Велика Британија и во САД, и 500+ испитаници во секоја од следните земји: Аргентина, Белгија, Чиле, Унгарија, Индија, Малезија, Мексико, Перу, Полска, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Шведска и Турција.

Related news

  • Ипсос | What Worries the World | Инфлација
    Економија Анкета

    What Worries the World - јуни 2023 година

    Инфлацијата сега е главната глобална грижа во нашето истражување „Што го загрижува светот“ во последните 15 месеци.
  • Ipsos1
    Mystery shopping Анкета

    Ipsos: Kako do uspešne aktivacije i povećane prodaje?

    Ista informacija, predstavljena na različite načine, može da dovede do različite percepcije proizvoda. Sa tog aspekta, odeljci supermarketa mogu da se gledaju kao okviri. Odeljak i police na kojima je proizvod smešten može da utiče na način na koji se proizvod percipira
    <br><br>
    <b>Autor: Ivica Sokolovski, menadžer za istraživanja, Ipsos</b>