Usability Tests
Главната цел е проверка на веб порталот или мобилната апликација со помош на анализата за предности и недостатоци, кога се во прашање: содржината, навигацијата, но и изгледот. Можно е да се анализира било кој тип на контекст (електронска трговија, медиуми, фирми/организации).
Зошто?
Комбинацијата од набљудување и интервју овозможува:
- Проверка на однесувањето кога истото е во контакт со одреден интернет портал или апликација: спонтана навигација, двоумење или грешка;
- Утврдување на причините за таквото однесување;
- Процена на предностите и недостатоците;
- Давање на изводливи препораки поврзани со содржината, дизајнот и навигацијата.
Како?
Методот ги комбинира фазите од интервјуто со директно набљудување на посетата на интернет порталот:
- Набљудување на посетата на порталот ни дава објективни заклучоци за вистинската употреба, корисничките патишта, процесот на сознавање како и можните проблеми за разбирање;
- Во интервјуто може да соберат спонтани коментари, длабинска анализа за мотивите како и податоци од очекувањата на посетителите.
Зошто нашето решение е единствено?
Ние користиме специфична технологија за да го следиме однесувањето на потрошувачите на интернет "UX" аналитичка рамка, како би ги скенирале сите компоненти на корисничкото искуство.