РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ БРАН НА ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ИПСОС ЗА ПЕРЦЕПЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КОРОНА ВИРУСОТ

ГРАЃАНИТЕ ГИ ПОДРЖУВААТ МЕРКИТЕ, А ЗАГРИЖЕНОСТА РАСТЕ

СКОПЈЕ, 24. МАРТ 2020.

Податоците добиени од вториот бран на истражувањето за перцепциите на граѓаните за корона вирусот, спроведено во периодот од 16ти до 20ти март, покажуваат зголемување на загриженоста на граѓаните. Бројот на оние кои изразиле голема или многу голема загриженост дека лично, или член на нивното семејство, би се инфицирале од корона вирусот, се зголеми од 38% на 52%.

„Зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот во нашата земја ја зголемува загриженоста на граѓаните, па веќе секој втор наш сограѓанин е во голема мера или многу загрижен за сопственото здравје и здравјето на своите најблиски. Податоците укажуваат и на тоа дека и младите сериозно ја сфатиле работата, односно бројот на загрижени за себе и за своите блиски на возраст од 18-29 години се зголеми од 28% на 47%“, истакнуваат од агенцијата Ипсос.

 

Истражувањето покажува дека граѓаните сметаат дека надлежните институции продолжуваат навремено и добро ги информираат граѓаните за секојдневниот развој на ситуацијата, и продолжуваат со доброто справување со ситуацијата поврзана со корона вирусот.

 

За разлика од првиот бран на истражувањето кога, според податоците, граѓаните ја перцепираа заканата од корона вирусот поголема за светот, отколку дома, во вториот бран на истражувањето граѓаните веќе согледуваат дека короната не е некаде далеку во светот, туку тука, кај нас, и претставува закана и за нашата земја “, истакнуваат од Ипсос.

Истражувањето беше спроведено во вид на телефонска анкета, на национално репрезентативен примерок од 500 граѓани на Република Северна Македонија, во периодот од 16 - 20ти март, 2020 година.

За сите дополнителни информации слободно обратете ни се на ([email protected]).

 

 

Related news

  • Ипсос | What worries the world| Инфлација | економијата
    Економија Анкета

    What worries the world - август 2023 година

    Инфлацијата сега е главната глобална грижа во нашето истражување „Што го загрижува светот“ во последните 17 месеци. Сепак, загриженоста за растот на цените се намалува веќе три месеци по ред, откако падна за 3 п.п. од јуни.
  • Перцепции и ставови на граѓаните за ситуацијата со корона вирусот

    РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ИПСОС ЗА ПЕРЦЕПЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КОРОНА ВИРУСОТ

    МЛАДИТЕ НАЈМАЛКУ ЗАГРИЖЕНИ, ПОВОЗРАСНИТЕ ГРУПИ КОИ СЕ СО НАЈГОЛЕМ РИЗИК – ДОБРО ИНФОРМИРАНИ
  • „Ефективно владеење на правото е основата за општества во кои владее еднаквост, можности и мир“, рекол Вилијам Х. Неуком, основач и ЦЕО на WJP

    Македонија на 57 место по индексот кој мери владеење на правото

    На крајот на минатиот месец, The World Justice Project (WJP) го издаде WJP Rule of Law Index 2017-2018, извештај од претходно спроведено истражување кое го мери владеењето на правото во 113 држави во светот, преку анкетирање на повеќе од 110,000 домаќинства и 3,000 интервјуа со експерти. Во Македонија беа анкетирани 1017 домаќинства, а истражувањето беше спроведено од Ипсос Скопје, во периодот од 15ти август до 24 септември, 2017 година.