Што го загрижува светот?
Што го загрижува светот е онлајн месечна анкета за испитаници помлади од 65 години и се спроверува во Аргентина, Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Велика Британија, Германија, Унгарија, Индија, Израел, Италија, Јапонија, Мексико, Полска, Перу , Русија, Саудиска Арабија, Србија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска, Турција и САД.
Глобалната анкета покажа дека невработеноста продолжува да биде водечка загриженост во целиот свет. Повеќето луѓе во 26-те земји сметаат дека нивната земја е на погрешен пат (58% во просек), но овој процент значително варира во различни земји:
- Кина, Индија и Саудиска Арабија остануваат како првите три најпозитивни земји за насоката на нивната нација. Деведесет и три отсто од луѓето во Кина сметаат дека нивната земја оди во правилна насока, 72% во Саудиска Арабија и 65% во Индија.
- На другиот крај на спектарот се Јужноафриканците кои во трите изминати месеци се најмногу загрижени за насоките што ги презема нивната земја. Само 9% од Јужноафриканците сметаат дека нивната земја се движи во правилна насока, по што следат 11% во Бразил и 12% од населението во Мексико. Шпанија (со зголемување од 9%), Аргентина и Србија (обете со зголемување од 7%) забележаа најголем пораст во оптимизмот. Аргентина забележа значителен пораст на позитивноста од 18% за насоката што ја презеде нацијата од август.
- Перу забележа пад на позитивноста овој месец со пад од седум процентуални поени (сега 27%) кај Перуанците кои сметаат дека земјата се движи во правилна насока. Исто така, во Австралија е забележан пад од шест процентуални точки.
Трите главни грижи за светските граѓани остануваат во согласност со претходниот месец:
- Невработеноста сè уште е примарна глобална грижа (35%). Италија и Шпанија имаат највисоки нивоа на загриженост (обете 63%) – тие се двете најзагрижени земји веќе три последователни месеци. Загриженоста за невработеноста во САД падна за 5 процентуални поени од претходниот месец и сега вредноста е 13%. Уште еднаш, Германците се најмалку загрижени за ова прашање веќе петти последователен месец – заедно со Израел во август - само 12% се повикале на невработеност како грижа овој месец.
- Следи финансиска/политичка корупција (33%). Јужноафриканците и понатаму се најзасегнати (71%). Шведска со 6% ја надмина Германија (7%) како земја која е најмалку засегната.
- Сиромаштијата / социјалната нееднаквост е трета најзастапена загриженост (32%), со најголемо ниво на загриженост во Унгарија (57%) и Русија (55%). САД имаат најниско ниво на загриженост за ова (15%).
Топ пет глобални проблеми
- Невработеност (35%)
- Финансиска/политичка корупција (33%)
- Сиромаштија/социјална нееднаквост (32%)
- Криминал и насилство (31%)
- Здравството (24%)
Истражувањето беше спроведено во 26 земји ширум светот преку системот Ipsos Online Panel. Земјите кои се вклучени се: Аргентина, Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Велика Британија, Германија, Унгарија, Индија, Израел, Италија, Јапонија, Мексико, Перу, Полска, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Јужна Африка, Јужна Кореа, Шпанија, Шведска, Турција и Соединетите Американски Држави. 18.940 интервјуа беа спроведени помеѓу 20-ти октомври и 3-ти ноември 2017 година со луѓе на возраст од 18 до 64 години во САД, Израел и Канада и со луѓе на возраст од 16 до 64 години во сите останати земји. Податоците се пондерирани за да одговараат на профилот на населението.