Device Agnostic
Се зголемува бројот на испитаници кои сакаат да учествуваат во истражувањата со помош на своите мобилни уреди (смарт телефони, таблети и лаптоп компјутери).
Зошто?
Дозволете му на испитаникот да биде на прво место и помогнете им на Вашите истражувања да го истрпат забот на времето, така што ќе им овозможите на испитаниците да учествуваат во истражувањата со помош на уреди кои нив најмногу им одговараат, се разбира, со "Device Agnostic" решенијата на Ипсос.
Ипсос, како еден од најдобрите во својата дејност , Ви ги нуди "Device Agnostic" истражувањата и нивните клучни предности кои се однесуваат на квалитетот на податоците:
- Поголема вклученост на испитаниците;
- Подобра репрезентативност на примерокот;
- Подобра изводливост/одржливост;
- Лесно пронаоѓање на група која е тешка за лоцирање;
- Подобар квалитет на податоците;
- Брзина (врска со overnight решенија и I-Instant).
Како?
За Вашите истражувања да бидат достапни до испитаниците кои користат мобилни уреди, Ипсос користи "Mobile First Design Approach" како основа на нашата "Device Agnostic" понуда. Вклученоста овозможува сите мобилни уреди да бидат прилагодени со помош на дизајнот на истражувањето, кој пак се прилагодува кон уредот. Така нашите испитаници можат да имаат оптимален визуелен преглед додека работат на истражувањето, на посакуваниот уред. Интерфејсот е едноставен за употреба, а навигацијата е лесна за работа, и така е избегнато искривување заради не-одговор ите кои се во мал број, се разбира, затоа што е намалена стапката на напуштање на истражувањето. Функционалноста, едноставноста и достапноста се главните наши принципи.
Зошто нашето решение е единствено?
Заблагодарувајќи се на "Questionnaire Designer", нашите истражувачи можат веднаш да направат прашалник, и да Ви покажат како би изгледало искуството на испитаниците.