Етнографија

Етнографијата е техника за квалитативни истражувања и истата е карактеристична по тоа што ние (Ипсос) минуваме долг временски период со луѓето. Ние влегуваме во нивниот свет , а тоа ни овозможува да го набљудуваме и разбереме она кое го кажуваат, прават, и начините на кои истото го прават.

Етнографија

Зошто?

Нашата етнографија Ви помага да ја разберете културната пракса и да ги откриете скриените потреби на потрошувачите. Ние допираме до срцето на она кое им е најважно на Вашите потрошувачи , така што утврдуваме кои се, како живеат, и  што го предизвикува нивното однесување . Вградувајќи се во нивниот живот и следејќи  го нивното однесување, ние создаваме длабоки, богати и убедливи наоди од традиционалните истражувачки методи,  и можеме да помогнеме во разликувањето на  "вистинското јас" од "проектираното јас".    

 

Како?

Нашата етнографија ја спроведува "Ipsos Ethnography Centre of Excellence" кој комуницира со длабоката човечка вистина со помош на видеата:  "Production Quality Video". Активностите и интеракцијата се „фатени“ на лице место-дома, во супер маркет, во канцеларија, на улица, во сообраќај...со интензивен фокус на околината на потрошувачот (набљудување во контекст). Тимовите користат призма на културата и економијата како би го разбрале движечкото однесување , а потоа би развиле потенцијална интервенција и подтикнување на посакуваното однесување.

Ипсос UU Immersions го применуваат принципот на етнографско истражување  во домот. Понудата  подржува Ipsos Immersion ц апликација која е дизајнирана за истражувачи  (не учесници!), која ги подтикнува да собираат етнографски податоци на терен.  Собирањето податоци  на овој начин  значи дека тимовите можат да користат визуелни податоци за да создадат "Аnalysis Boards" кои одат и подалеку од артикулисаното однесување. Така би  го анализирале забележаното однесување на подолг временски период.

 

Зошто нашето решеније е единствено?

Ипсос "ECE (Ethnography Centre Of Excellence)" е група од етнографи, антрополози,  истражувачи на пазарот, но и создавачи на филмови. Ние работиме на 24 пазари, со клиенти од јавниот и приватниот сектор и имаме седишта во Велика Британија и САД.  Во последните пет години ги добивме наградите "Best Session", "Best Newcomer" и  "Best Overall Contribution" од страна на  MRS. Покрај тоа, во 2014 година ја добивме наградата "Best Healthcare" и "Best Impact Paper",  на доделувањето на наградите за ефикасност во истражувањата на пазарот.

Нашите истражувања ги спроведуваат обучени квалитативни истражувачи кои  користат принципи на антропологија,  како би им помогнале на клиентите да ги разберат критичните однесувања на потрошувачите.