Пребарај
-
Device Agnostic
Се зголемува бројот на испитаници кои сакаат да учествуваат во истражувањата со помош на своите мобилни уреди (смарт телефони, таблети и лаптоп компјутери).
-
Прекуноќни услуги
Прекуноќни тестирања на увидот, идејата и концептот кои даваат оценка, оптимизација, но и стратешко усогласување.
-
Заедници
Заедниците на брендовите овозможуваат заедничката околина да комуницира со луѓето во реално време. Тие Ви помагаат во изградба на увид, воведување иновации и стекнување пристап кај публиката која е желна да пружи информации кои во иднина ќе имаат влијание.
-
Мобилни истражувања со помош на мобилни уреди
Во текот на изминатите години, сведоци сме на голема распространетост на мобилните уреди ширум светот. Не само што бројот на корисници расте, а и уредите се користат се повеќе за низа секојдневни активнсоти , било да е тоа гледање видео снимка, купување или пребарување на интернет. Пристапот на интернет преку мобилни уреди стана пораспространет од фиксните уреди, како кај развиените, така и кај пазарите во развој. Интеракцијата на потрошувачите со брендовите е поголема од кога и да е, фрагментирана и стратифицирана. Потрошувачите се зафатени и често прават повеќе работи одеднаш. Од таа причина доаѓа и до отсуство од многу планирани контакти со брендовите, а потоа, побрзо и од очекуваното, се намалува релевантното потсетување.